Close Menu
Press24
    Најново

    Предвремени избори се добри за ВМРО-ДПМНЕ, но не и за државата

    11.11.2026 во 15:12

    МВР предупредува: Пристигнуваат лажни пораки за наводна наплата на сообраќајна прекршоци од „Safe City“

    11.11.2026 во 14:53

    Доскорешниот заменик-министер за здравство е нов директор на АХВ

    11.11.2026 во 13:48
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Предвремени избори се добри за ВМРО-ДПМНЕ, но не и за државата
    • МВР предупредува: Пристигнуваат лажни пораки за наводна наплата на сообраќајна прекршоци од „Safe City“
    • Доскорешниот заменик-министер за здравство е нов директор на АХВ
    • Четири малолетнички ќе одат во воспитно-поправен дом за бруталното насилство врз 13-годишно девојче во Ѓорче
    • Субхи Јакупи е нов претседател на Управниот суд
    • Филипче: Еве го Записникот, Мицкоски брутално излажа за Алта банка, СДСМ го штитеше државниот интерес!
    • Акција на Финансиска полиција: Затаиле 23 милиони денари данок
    • Казино во Кичево крадело струја: Ќе треба да надомести 2,7 милиони денари
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Предвремени избори се добри за ВМРО-ДПМНЕ, но не и за државата

    Предвремени избори се добри за ВМРО-ДПМНЕ, но не и за државата

    11.11.2026 во 15:122 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Премиерот Христијан Мицкоски и лидер на ВМРО-ДПМНЕ смета дека во моментот е неодговорно кон државата да се организираат предвремени парламентарни избори иако, како што вели, ако се гледа од политички аспект на неговата партија, тоа ѝ одговара.

    Но, додава, ако се гледа суштински, тоа не би било добро за државата бидејќи во следните две години таа треба да најде пет милијарди евра. Од нив, в година треба да се најдат 2,3 милијарди евра, а ако има избори и шест месеци техничка влада, тоа нема да може да се направи и државата ќе банкротира.

    Тоа, вели, се обврски што треба да се намират, парите што биле земени за време на короната треба да се вратат, дел од долговите треба да се рефинансира, каматите треба да се платат, а треба, како што нагласи, да се покрие и буџетскиот дефицит.

    Според Мицкоски, во 2028 година, кога треба да се одржат редовните избори, ќе биде многу полесно. Иако, како што рече, ќе треба да се обезбедат повеќе средства – речиси 2,7 милијарди евра, ќе може дел од обврските да се пренесат во 2029 година бидејќи таа година е единствената година што минатата влада не ја пополнила со задолжување со еврообврзница.

    Доколку сега, во 2027 година, се организираат предвремени парламентарни избори, пред чие одржување треба да има техничка влада за период од шест месеци, нагласува Мицкоски, тоа би било неодговорно однесување кон државата. 

    Прочитај повеќе

    МВР предупредува: Пристигнуваат лажни пораки за наводна наплата на сообраќајна прекршоци од „Safe City“

    11.11.2026 во 14:53

    Доскорешниот заменик-министер за здравство е нов директор на АХВ

    11.11.2026 во 13:48
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.