Надзорната расправа за Алта банка на десетина минути беше прекината откако пратеникот на СДСМ Миле Талески не сакаше да го исклучи микрофонот и покрај неколкуте предупредувања од Претседателката на Комисијата за финансирање и буџет, Сања Лукаревска.
Тој беше револтиран што немал можност да поставува прашања.
По 10 минутната пауза, расправата продолжи.

