Close Menu
Press24
    Најново

    Мицкоски извади документ на надзорната расправа: СДСМ во 2023 договориле деловни односи со Алта Банка

    11.11.2026 во 10:52

    Камери од Сејф Сити се поставуваат во уште неколку градови низ Македонија

    11.11.2026 во 10:29

    Семејствата на загинатите во Кочани повикуваат на донации за изградба на меморијален парк „Патека на бесконечноста“

    11.11.2026 во 10:29
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Мицкоски извади документ на надзорната расправа: СДСМ во 2023 договориле деловни односи со Алта Банка
    • Камери од Сејф Сити се поставуваат во уште неколку градови низ Македонија
    • Семејствата на загинатите во Кочани повикуваат на донации за изградба на меморијален парк „Патека на бесконечноста“
    • Уапсен поранешниот српски министер за економија
    • Голема акција во Србија утрово – масовни апсења по промената на власта
    • Македонија собира германско искуство за модернизација на границите
    • Божиновска во Турција заедно со Сиљановска
    • „ Доста е, не чекаме осма жртва“: Граѓански организации со барања за заштита од насилство
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Мицкоски извади документ на надзорната расправа: СДСМ во 2023 договориле деловни односи со Алта Банка

    Мицкоски извади документ на надзорната расправа: СДСМ во 2023 договориле деловни односи со Алта Банка

    11.11.2026 во 10:522 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Владата на СДСМ и ДУИ уште во 2023 година одобрила влегување во деловни односи со српската Алта банка, тврди премиерот Христијан Мицкоски. На денешната надзорна расправа во Собранието, Мицкоски презентираше извадок од нацрт-записник од владината седница од 24 октомври 2023 година, кога премиер бил Димитар Ковачевски.

    Според Мицкоски, тогашниот министер за финансии Фатмир Бесими побарал од Владата да му одобри на Државното правобранителство да влезе во деловни односи со Алта банка Белград, во врска со продажбата на акциите што државата ги поседувала во Стопанска банка Битола.

    „Тоа е извадок од нацрт-записникот од 194. седница на Владата, одржана на 24 октомври 2023 година. Тогаш претседател на Владата е господинот Димитар Ковачевски и на самата седница на Владата се отвора темата за Алта банка Белград, односно тогашниот министер за финансии Фатмир Бесими излегува со информација во којашто бара од Владата да му одобри на Државното правобранителство да влезе во деловни односи со Алта банка Србија“, изјави Мицкоски.

    Премиерот посочи дека на таа седница присуствувале и повеќемина поранешни министри кои денес се пратеници на СДСМ, меѓу кои Димитар Ковачевски, Оливер Спасовски, Љупчо Николовски и Благој Бочварски. Според неговите тврдења, тие учествувале во носењето на одлуката за продажба на државните акции.

    „Сите тие гласале да се даде право на Државното правобранителство акциите сопственост на Македонија во банката којашто ја купува Давор Мацура да му ги отуѓат на Давор Мацура“, рече Мицкоски.

    Тој ја обвини опозицијата за двојни стандарди, прашувајќи зошто СДСМ денес го проблематизира потеклото на капиталот на српскиот бизнисмен Давор Мацура, ако претходно прифатила деловна соработка со неговата банка.

    „Па тука се поставува прашањето дали тие тогаш знаеле кој е Давор Мацура или кога се одлучиле акциите коишто ги поседува државата во банката којашто ја купува Давор Мацура да му ги продадат, велеле дека имале претстава дека се тоа исто така руски капитал, прљави пари, криминално стекнати пари или тогаш тоа не важело“, праша премиерот.

    Мицкоски повтори дека документот, според него, покажува оти токму претходната власт воспоставила деловни односи со Алта банка, две години пред српската банка да ја преземе Стопанска банка Битола.

    „Сакам македонската јавност ова јасно да го знае, дека Македонија како држава во деловни односи со Алта банка на Мацура ја носи Владата на СДСМ и ДУИ, на предлог на тогашниот министер Фатмир Бесими“, порача Мицкоски.

    Премиерот не ја прочита целосната содржина на записникот, наведувајќи дека нема да навлегува во дискусиите од тогашната владина седница.

    Прочитај повеќе

    Камери од Сејф Сити се поставуваат во уште неколку градови низ Македонија

    11.11.2026 во 10:29

    Семејствата на загинатите во Кочани повикуваат на донации за изградба на меморијален парк „Патека на бесконечноста“

    11.11.2026 во 10:29
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.