Close Menu
Press24
    Најново

    Камери од Сејф Сити се поставуваат во уште неколку градови низ Македонија

    11.11.2026 во 10:29

    Семејствата на загинатите во Кочани повикуваат на донации за изградба на меморијален парк „Патека на бесконечноста“

    11.11.2026 во 10:29

    Уапсен поранешниот српски министер за економија

    11.11.2026 во 10:26
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Камери од Сејф Сити се поставуваат во уште неколку градови низ Македонија
    • Семејствата на загинатите во Кочани повикуваат на донации за изградба на меморијален парк „Патека на бесконечноста“
    • Уапсен поранешниот српски министер за економија
    • Голема акција во Србија утрово – масовни апсења по промената на власта
    • Македонија собира германско искуство за модернизација на границите
    • Божиновска во Турција заедно со Сиљановска
    • „ Доста е, не чекаме осма жртва“: Граѓански организации со барања за заштита од насилство
    • Сиљановска на вечера кај Макрон
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Семејствата на загинатите во Кочани повикуваат на донации за изградба на меморијален парк „Патека на бесконечноста“

    Семејствата на загинатите во Кочани повикуваат на донации за изградба на меморијален парк „Патека на бесконечноста“

    11.11.2026 во 10:292 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Со цел споменот на 63-те загинати во трагедијата од 16 март 2025 година во Кочани да продолжи да живее и за идните генерации, семејствата преку Здружението на граѓани „16-ти Март 2025 – Кочани“ започнаа јавен повик за донации за изградба на меморијален парк под името „Патека на бесконечноста“.

    Станува збор за иницијатива на семејствата на загинатите, чија цел е создавање достоинствено спомен-обележје посветено на 63-те млади животи, објави 4news.mk Меморијалниот парк е замислен како место за тишина, молитва и сеќавање, каде што имињата на загинатите ќе бидат зачувани и за идните генерации.

    Од Здружението велат дека основниот проект веќе е изработен, а следниот предизвик е обезбедување средства за неговата реализација. Затоа упатуваат апел до граѓаните, компаниите, институциите и организациите во земјава и странство да се вклучат во иницијативата.

    „Не е важна големината на донацијата. Важна е човечноста што стои зад неа. Секој придонес ќе биде чекор поблиску до местото каде што спомените ќе живеат, а љубовта ќе продолжи да зборува“, порачуваат од Здружението.

    Оттаму посочуваат дека „Патека на бесконечноста“ не е само проект за изградба на меморијален парк, туку и завет на семејствата дека имињата, соништата и споменот на нивните најблиски никогаш нема да бидат заборавени.

    Во рамки на повикот се објавени и податоци за уплата на донации во денари и девизи.

    Донации во денари:

    Примач: Здружение на граѓани „16-ти Март 2025 – Кочани“

    Банка: УНИБанка АД Скопје

    Наменска сметка: 240130121745838

    Назнака: Донација за „Патека на бесконечноста“

    Донации од странство:

    Beneficiary: ZDRUZENIE 16TI MART 2025 KOCANI

    IBAN: MK07240130121745838

    SWIFT/BIC: UIBMMK22XXX

    Bank: Universal Investment Bank AD Skopje (UNIBANK)

    Payment reference: Donation – Path of Infinity Memorial Park

    Од Здружението повикуваат граѓаните да ја поддржат иницијативата, нагласувајќи дека сеќавањето на 63-те загинати е одговорност на целото општество.

    Прочитај повеќе

    Камери од Сејф Сити се поставуваат во уште неколку градови низ Македонија

    11.11.2026 во 10:29

    Македонија собира германско искуство за модернизација на границите

    11.11.2026 во 10:18
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.