Close Menu
Press24
    Најново

    Рубио: Економскиот притисок врз Иран дава резултати, воена акција не е неопходна

    10.11.2026 во 21:35

    Зеленски ја повика Европа да избере претставник за преговорите со Русија и САД

    10.11.2026 во 20:38

    ВМРО-ДПМНЕ: Банкротирањето на Еуростандард банка во време на СДС е класичен пример дека СДС и Филипче сакаат банки да пропаѓаат, граѓаните да останат без своите пари, а државата ништо да не направи

    10.11.2026 во 20:22
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Рубио: Економскиот притисок врз Иран дава резултати, воена акција не е неопходна
    • Зеленски ја повика Европа да избере претставник за преговорите со Русија и САД
    • ВМРО-ДПМНЕ: Банкротирањето на Еуростандард банка во време на СДС е класичен пример дека СДС и Филипче сакаат банки да пропаѓаат, граѓаните да останат без своите пари, а државата ништо да не направи
    • Ѓорѓиевски: Од депонија до мега-парк во Карпош
    • Филипче: Како не знаеле кој е Мацура, добро знаеле, Алта банка е дел од политичките концесии кон Вучиќ
    • Стојаноски: Вештачката интелигенција и дигитализацијата ќе ги унапредат јавните набавки и ќе ги намалат ризиците од корупција
    • Сиљановска-Давкова од Парискиот мировен форум: Европа не може да биде целосна без стабилен и демократски Западен Балкан
    • Која е Кристи Меккормик – предлогот на Трамп за нова амбасадорка во Македонија
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Рубио: Економскиот притисок врз Иран дава резултати, воена акција не е неопходна

    Рубио: Економскиот притисок врз Иран дава резултати, воена акција не е неопходна

    10.11.2026 во 21:352 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Американскиот државен секретар Марко Рубио денеска изјави дека им порачал на сојузниците од групата Г7 оти американските економски санкции и поморската блокада даваат толку добри резултати што претседателот Доналд Трамп нема потреба од водење поголеми борбени операции во Иран.

    Обраќајќи им се на новинарите во Париз, по дводневниот состанок со сојузниците од Г7, Рубио повеќе пати ги отфрли тврдењата дека откажувањето од воена акција би значело пат-позиција или задржување на статусот кво.

    – Економската штета што во моментов му се нанесува на Иран е исклучително голема и продолжува да расте. Со секој изминат ден е сè поголема – рече Рубио, додавајќи дека Трамп потврда за таквата процена добил и од регионалните сојузници на Блискиот Исток.

    Трамп вчера изјави дека планира на неодредено да ги одложи новите воени напади врз Иран, по апелите од земјите од регионот вклучувајќи ги и разговорите со катарскиот премиер во Белата куќа.

    – Немаме потреба да вршиме воени напади доколку истата цел ја постигнуваме со економски средства и економски притисок. Тоа не е пат-позиција – изјави Рубио. „Иран никогаш досега не се соочил со толку голема неможност за продажба на енергенси на глобалниот пазар како денес“, додаде тој.

    Трамп призна дека војната во Иран била една од причините за поразот на републиканците на минатонеделните избори за Конгресот, а потпретседателот Џеј Ди Венс, кој се смета за потенцијален наследник на Трамп по истекот на мандатот за две години, беше уште поконкретен, велејќи: „Причината за нашиот пораз е токму војната“.

    Прочитај повеќе

    Зеленски ја повика Европа да избере претставник за преговорите со Русија и САД

    10.11.2026 во 20:38

    Над 90 уапсени во Србија од предвремените парламентарни избори досега

    10.11.2026 во 17:43
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.