Close Menu
Press24
    Најново

    Димитриеска-Кочоска во Собранието: Ребалансот е навремена реакција за зачувување на стабилноста на јавните финансии

    10.11.2026 во 13:10

    Тошковски: Целта не ни е да го полниме буџетот – од Сејф Сити собираме околу 10 милиони евра годишно

    10.11.2026 во 13:04

    Ѓорѓиевски и ОБСЕ им оддадоа признание на професорите од осум скопски средни училишта

    10.11.2026 во 13:01
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Димитриеска-Кочоска во Собранието: Ребалансот е навремена реакција за зачувување на стабилноста на јавните финансии
    • Тошковски: Целта не ни е да го полниме буџетот – од Сејф Сити собираме околу 10 милиони евра годишно
    • Ѓорѓиевски и ОБСЕ им оддадоа признание на професорите од осум скопски средни училишта
    • Апсење на патот Блато-Дебар: Во „сеат“ пронајдена марихуана, возачот возел под забрана
    • По 30 години нов Кривичен законик: Македонија подготвува големи промени во казненото законодавство
    • Тошковски: Сега веќе нема да знаете каде се ве снима камера од Сејф сити
    • Удрил 17-годишна девојка со тротинет во Тетово и избегал – малолетничката е тешко повредена
    • Измама во тетовско: Пензионер платил 400 евра за помош и нега од друго лице, па го пријавил посредникот во полиција
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Димитриеска-Кочоска во Собранието: Ребалансот е навремена реакција за зачувување на стабилноста на јавните финансии

    Димитриеска-Кочоска во Собранието: Ребалансот е навремена реакција за зачувување на стабилноста на јавните финансии

    10.11.2026 во 13:103 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Дополнетиот предлог за изменување и дополнување на Буџетот за 2026 година е на дневен ред на денешната собраниска седница, а министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во своето експозе истакна дека измените се во насока на обезбедување стабилност во буџетот и сигурност за граѓаните и стопанството.

    Според Димитриеска-Кочоска, со ребалансот се прави неопходно приспособување на приходите и расходите врз основа на реалните економски текови и потребата од рационално управување со јавните средства.

    Говорејќи за причините за приспособувањето на буџетот, министерката за финансии нагласи:

    „Тоа значи поголема буџетска дисциплина, внимателно планирање на расходите и максимална оптимизација на приходите, без да се доведе во прашање редовното исполнување на обврските на државата. Она што е најважно за јавноста и граѓаните е дека Дополнетиот ребаланс не произлезе поради проблеми со ликвидност во Буџетот, туку е последица на преземените мерки од страна на Владата за намалување на ДДВ и акцизата кај бензините и дизелот. Мерки кои имаат директно влијание врз приходната страна на Буџетот, но најзначајно е дека со таквите мерки го поддржавме стандардот на граѓаните и ја помогнавме економијата, односно го спречивме прелевањето на високите цени на нафтата врз останатите производи и услуги“

    Таа порача дека до крајот на годината државната каса е стабилна и дека е обезбедено редовно финансирање на сите обврски – плати, пензии, социјални надоместоци, обврски кон стопанството и отплата на долговите.

    Со Дополнетиот ребаланс на Буџетот, вкупните приходи се планирани на ниво од 374,2 милијарди денари (пониско за околу 5,3 милијарди денари од првичните проекции), додека вкупните расходи се исто така коригирани нанадолу на 420,5 милијарди денари, со што буџетскиот дефицит останува непроменет на ниво од 46,3 милијарди денари.

    Со измените се обезбедуваат дополнителни 3,7 милијарди денари за социјални трансфери, од кои 1,4 милијарди за социјални надоместоци и 887 милиони денари за здравствена заштита.

    За Министерството за социјална политика, демографија и млади се издвојуваат уште 1,8 милијарди денари за поддршка на ранливи категории, социјална помош, народни кујни и социјални услуги, како и дополнителни 600 милиони денари за исплата на породилните надоместоци.

    Објаснувајќи ги измените кај капиталните ставки, Димитриеска-Кочоска изјави:

    „Зад овие бројки и ставки стојат нашите граѓани и тие за нас се приоритет, затоа во креирањето на измените опфативме ставки кај кои имаше одложување на реализацијата и користењето на средствата. Оттука направена е корекција кај капиталните расходи, но притоа е задржана развојната компонента и определбата на државата за понатамошна поддршка на економската активност преку јавни инвестиции“

    Министерката додаде дека продолжуваат вложувањата во одбраната, патната, железничката и комуналната инфраструктура, енергетската ефикасност, образованието и земјоделството, како и финансиската поддршка за капиталните проекти на сите општини.

    Прочитај повеќе

    Филипче: Во кое својство Мицкоски тврди дека нашол купувачи за „Алта банка“

    10.11.2026 во 11:53

    Филипче: Кој е Мицкоски да ја продава Алта Банка и кој би купил пропадната банка

    10.11.2026 во 11:29
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.