Close Menu
Press24
    Најново

    Ѓорѓиевски и ОБСЕ им оддадоа признание на професорите од осум скопски средни училишта

    10.11.2026 во 13:01

    Апсење на патот Блато-Дебар: Во „сеат“ пронајдена марихуана, возачот возел под забрана

    10.11.2026 во 12:53

    По 30 години нов Кривичен законик: Македонија подготвува големи промени во казненото законодавство

    10.11.2026 во 12:33
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Ѓорѓиевски и ОБСЕ им оддадоа признание на професорите од осум скопски средни училишта
    • Апсење на патот Блато-Дебар: Во „сеат“ пронајдена марихуана, возачот возел под забрана
    • По 30 години нов Кривичен законик: Македонија подготвува големи промени во казненото законодавство
    • Тошковски: Сега веќе нема да знаете каде се ве снима камера од Сејф сити
    • Удрил 17-годишна девојка со тротинет во Тетово и избегал – малолетничката е тешко повредена
    • Измама во тетовско: Пензионер платил 400 евра за помош и нега од друго лице, па го пријавил посредникот во полиција
    • Влегол во училиште за време на големиот одмор и нападнал две деца: Драма во училиште во Македонија
    • Нема да можете да се сокриете од камерите: „Безбеден град“ добива мобилни камери и полициски возила со радари
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Ѓорѓиевски и ОБСЕ им оддадоа признание на професорите од осум скопски средни училишта

    Ѓорѓиевски и ОБСЕ им оддадоа признание на професорите од осум скопски средни училишта

    10.11.2026 во 13:012 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, заедно со шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Килијан Вал, денеска им оддадоа заслужено признание на професорите кои со својата посветеност, знаење и ентузијазам ги поврзуваат младите преку заедничките наставни часови.

    – Позади секој час стојат труд, трпение и искрена верба дека секое дете заслужува да биде прифатено, почитувано и охрабрено да го покаже најдоброто од себе. Токму професорите создаваат простор во кој учениците учат заедно, градат пријателства и откриваат дека различностите се богатство што нѐ зближува. Посебна благодарност упатувам до професорите и училишните тимови од сите осум средни училишта: „Браќа Миладиновци“, „Здравко Цветковски“, „Боро Петрушевски“, „Цветан Димов“, „Д-р Панче Караѓозов“, „Арсени Јовков“, „Димитар Влахов“ и гимназијата „Јосип Броз Тито“. Вашата професионалност, истрајност и секојдневна посветеност се срцето на оваа иницијатива и причината таа да трае и да создава резултати – изјави Ѓорѓиевски.

    Од 2018 година, деветта година по ред, Град Скопје континуирано го поддржува овој модел во сите осум средни училишта во градска надлежност во кои наставата се одвива на различни наставни јазици.

    – Горди сме што сме единствената локална самоуправа во државата со ваков континуитет, но уште повеќе сме свесни за одговорноста да продолжиме да го унапредуваме. Заеднички создаваме образовни можности што оставаат трајна вредност за младите и за целиот град. На професорите им честитам за заслужените признанија. Град Скопје ќе продолжи да стои зад вашиот труд и зад секоја иницијатива што гради доверба, почитување и заедништво. Иднината на Скопје расте во нашите училници. Наша обврска е секое дете во нив да го најде своето место и својата можност за успех – рече Ѓорѓиевски.Градоначалникот Ѓорѓиевски изрази благодарност и до Мисијата на ОБСЕ во Скопје за долгогодишното партнерство, стручната помош, обуките и поддршката за нашите професори и училишта.

    Прочитај повеќе

    Утре ќе нема струја до 15:30 – проверете дали сте на списокот

    10.11.2026 во 11:33

    Дефект остави дел од Скопје без вода – Најнова информација од Водовод

    10.11.2026 во 11:12
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.