Седумнаесетгодишна девојка од Косово здобила тешки телесни повреди откако во неа удрил возач на електричен тротинет на булеварот „Илинденска“ во Тетово, по што лицето го напуштило местото на несреќата.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, инцидентот бил пријавен во полицијата на 9 ноември во 11:45 часот.
Повредената девојка итно била пренесена во Ургентниот центар во Тетово, каде што од страна на лекарите ѝ биле констатирани тешки телесни повреди.
На местото на настанот увид извршила полициска екипа, а од МВР информираат дека интензивно се преземаат мерки за пронаоѓање на возачот на тротинетот и за целосно расчистување на случајот.

