ВМРО-ДПМНЕ преку пратеникот и заменик-генерален секретар Бране Петрушевски побара Зоран Заев и Венко Филипче јавно да одговорат дали знаеле за трансакциите од 110 милиони евра од Венецуела, кои, според партијата, во 2019 година биле реализирани преку Еуростандард банка.
Петрушевски на прес-конференција обвини дека сомнителните финансиски трансакции се случувале во периодот кога Заев бил премиер, а Филипче министер за здравство. Според наводите на ВМРО-ДПМНЕ, парите потекнувале од Венецуела, која во тој период била под меѓународни санкции.
Од партијата тврдат дека во финансиските трансакции биле вклучени и Русија, Белорусија и Србија, поради што бараат од поранешните функционери да објаснат дали имале сознанија или каква било улога во овие случувања.
Петрушевски направи споредба меѓу претходната и актуелната власт, оценувајќи дека денешната Влада, за разлика од претходната, ги штити банките и штедачите наместо да дозволи нивно пропаѓање и губење на заштедите.
„Не сме сите исти. Тоа е главната разлика“, порача Петрушевски.

