Денеска во земјава ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди. Во одделни котлини ќе има услови за утринска магла, а ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Утринските температури ќе се движат од 2 до 9 степени, додека дневните ќе достигнат од 11 до 15 степени.
Во Скопје се очекува променливо облачно време со сончеви периоди и слаб ветер од променлив правец. Температурата ќе се движи од минимални 7 до максимални 14 степени.
Според прогнозите на метеоролозите, до сабота ќе се задржи релативно топло време, со повремени локални врнежи од дожд. Во одделни котлини повторно ќе има услови за утринска магла.
Во петок се очекува повремено засилување на јужниот ветер, кој на места ќе достигнува и силен интензитет. Промена на времето се очекува во недела, кога продор на постудена воздушна маса од север ќе донесе заладување и стабилизирање на временските услови.

