Премиерот Христијан Мицкоски е оптимист дека Алта банка ќе биде спасена од стечај и дека наскоро ќе добие нов сопственик.
Тој денеска изјави дека изминатите денови лично бил ангажиран во изнаоѓање решение за банката и очекува нејзино преземање од друга финансиска институција.
„Голем оптимист сум дека ќе имаме финансиска институција, банка, која ќе биде сопственик на Алта банка. Значи, ќе ја спасиме банката. Тоа е многу важно и за доверителите и за луѓето кои имаат некаква релација со банката“, изјави Мицкоски.
Премиерот повторно ја обвини опозицијата дека водела кампања за создавање паника и посакувала банката да заврши во стечај.
Според него, таквото сценарио нема да се реализира, а опозицијата ќе биде разочарана од позитивниот исход.
- Мицкоски: Алта Банка ќе биде спасена – најдовме купец
- Доаѓа студот: Уживајте во топлото време додека трае – УХМР ја објави временската за цела недела
- Трагедија во Македонија: Без знаци на живот го донеле во болница
- На 24 години почина фудбалер на Раднички – само еден ден по одиграниот натпревар
- Пронајдено човечко тело во куфер оставен на улица во Атина
- „Кој ѝ дал право да одлучува над законот?“ – ДУИ со обвинувања кон директорката на ИЈЗ
- Трагедија во Грција: Пронајдени 12 мртви мигранти на брод
- Ќе има ли промени во јавните набавки? Пратениците утре повторно ќе гласаат за законот

