Денеска во земјава ќе преовладува променливо облачно време со кратки сончеви периоди, а во попладневните и ноќните часови се очекуваат нови врнежи. Од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) најавуваат стабилно, но постудено време со можност за слаб снег на повисоките планински врвови.
Според синоптичката прогноза за денеска, во западните делови од државата во текот на ноќта ќе има услови за појава на локален дожд, додека на повисоките планини можни се слаби врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Минималните температури се движат во интервал од -2 до 6 степени, додека дневните максимални температури ќе достигнуваат од 9 до 15 степени.
Во главниот град, Скопје, претпладнето ќе помине во знак на претежно сончево време, но во вечерните часови се очекува зголемување на облачноста со услови за локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Жималниот термометар во Скопје ќе се спушти до -1 степен, додека дневниот максимум ќе достигне до 15 степени.
Какво време не очекува во наредните денови?
Според прогнозата на УХМР, на почетокот на работната недела, односно во понеделник, времето ќе биде претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд.
Потоа, од вторник следува период на стабилно време со променлива облачност во текот на денот. Нови услови за појава на слаб локален дожд ќе има повторно кон крајот на работната недела, односно во петок, кога исто така ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

