Close Menu
Press24
    Најново

    Драма на небото над Србија: Воени авиони пресретнаа патнички авион по тревога за експлозив

    06.11.2026 во 16:56

    Искористете го сонцето за викендот: Од понеделник следува пресврт

    06.11.2026 во 16:37

    МОН објави конкурс за 3.000 студентски стипендии: Стратешките со износ од 18.000 денари, социјалните и за успех по 6.050 денари

    06.11.2026 во 16:28
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Драма на небото над Србија: Воени авиони пресретнаа патнички авион по тревога за експлозив
    • Искористете го сонцето за викендот: Од понеделник следува пресврт
    • МОН објави конкурс за 3.000 студентски стипендии: Стратешките со износ од 18.000 денари, социјалните и за успех по 6.050 денари
    • Приведени две лица во Скопје: Полицијата заплени пиштоли и муниција во Ченто и Центар
    • Нова безбедносна тревога во Прага: Полицијата проверува девет авиони по дојави за поставени бомби
    • МВР казни 43 возачи на камиони во Скопје
    • Угостителите во Скопје ќе можат да фрлаат отпад до 1 часот по полноќ
    • Инцидент во Охрид: Викал и дивеел на улица, па со стаклен предмет оштетил автомобил
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Драма на небото над Србија: Воени авиони пресретнаа патнички авион по тревога за експлозив

    Драма на небото над Србија: Воени авиони пресретнаа патнички авион по тревога за експлозив

    06.11.2026 во 16:561 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Силни детонации ги вознемирија жителите на повеќе градови во централна Србија откако српската воена авијација проби звучен ѕид при итна операција за пресретнување патнички авион.

    Од Министерството за одбрана на Србија информираат дека реакцијата следувала по известување од Контролата на летање (SMATSA) за можна експлозивна направа во авион на „Виз ер“ кој сообраќал од Брисел кон Софија.

    Борбените авиони го следеа патничкиот авион низ целата рута над српската територија до бугарската граница, обезбедувајќи го воздушниот простор пред да се вратат во базата Батајница.

    Од ресорното министерство изразија жалење за вознемиреноста кај граѓаните во Крагуевац, Јагодина, Ќуприја и околните места, појаснувајќи дека детонациите биле последица на пробивањето на звучниот ѕид при максималната брзина со која авионите морале да реагираат.

    Оваа интервенција доаѓа во време кога се регистрирани бранови од лажни дојави за експлозивни направи на европските аеродроми и летови.

    Во текот на вчерашниот ден беа забележани закани на речиси 30 летови во Европа, меѓу кои и на летот на „Ер Србија“ за Букурешт, кои по проверката од надлежните служби се покажаа како неосновани.

    Прочитај повеќе

    Разбиена криминална мрежа во Грција: Уапсени 10 лица за криумчарење на над 500 мигранти

    06.11.2026 во 10:48

    Се шири шуга меѓу учениците во Србија

    06.11.2026 во 10:09
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.