68-годишен скопјанец е тешко повреден откако бил удрен од товарно возило на улицата „Дижонска“ во Скопје.
Според информациите од МВР, несреќата се случила вчера (5 ноември) околу 15 часот, кога 36-годишниот возач на товарно возило „пежо“, со скопски регистарски ознаки, удрил во пешакот.
Повредениот бил пренесен во ЈЗУ „Св. Наум Охридски“, каде што му биле констатирани тешки телесни повреди.
Полицијата извршила увид на местото на несреќата.

