Close Menu
Press24
    Најново

    Разбиена криминална група во Куманово: Позајмиле 4.000 евра со камата од 2.500, па барале и автомобил како залог

    06.11.2026 во 12:44

    Мајка уапсена во Скопје: Пријавено дека физички ја нападнала малолетната ќерка

    06.11.2026 во 12:41

    Ја уценувал со експлицитни фотографии: Барал пари за да не ги испрати на нејзиното семејство

    06.11.2026 во 12:39
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Разбиена криминална група во Куманово: Позајмиле 4.000 евра со камата од 2.500, па барале и автомобил како залог
    • Мајка уапсена во Скопје: Пријавено дека физички ја нападнала малолетната ќерка
    • Ја уценувал со експлицитни фотографии: Барал пари за да не ги испрати на нејзиното семејство
    • Ѓорѓиевски: Отворен нов фризерско-козметички кабинет во СУГС „Димитар Влахов“
    • Кривична пријава за матичар од Слупчане: Изготвувал лажни изводи за странски државјани
    • Тешка сообраќајка во скопско: Мотоциклист заврши на Ургентен по судир со автобус
    • Утре повеќе од 6 часа ќе нема струја – најавени исклучувања во неколку населени места
    • Повеќе инвестиции и посилни економски врски – Муцунски го пречека швајцарскиот колега
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Разбиена криминална група во Куманово: Позајмиле 4.000 евра со камата од 2.500, па барале и автомобил како залог

    Разбиена криминална група во Куманово: Позајмиле 4.000 евра со камата од 2.500, па барале и автомобил како залог

    06.11.2026 во 12:442 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал (ОСОСК) при МВР, под раководство на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, спроведе координирана акција во која е разбиена петчлена криминална група од Куманово осомничена за изнуда и перење пари.

    Во акцијата се лишени од слобода Д.П. (37), Л.К. (73), М.К. (27) и Д.Ж. (43), сите од Куманово, додека петтиот член, З.Р. (35), е недостапен за органите на прогонот. Против сите петмина е поднесена кривична пријава.

    Во текот на вчерашниот ден извршени се претреси на шест локации во Куманово, при што се пронајдени и одземени договори за заем со високи камати, документи за солемнизација на недвижен имот, парични средства, возила, мобилни телефони и други електронски уреди.

    Според истрагата, групата ја формирал Д.П. во 2021 година. Во еден од документираните случаи од 2023 година, тој на оштетено лице му дал заем од 4.000 евра со рок на враќање од еден месец и камата од 2.500 евра. И покрај тоа што позајмениот износ бил целосно вратен, осомничениот побарал жртвата да ја користи својата сметка за фиктивни уплати и повлекувања, по што започнал со закани и барања за залог на возило.

    По налог на Д.П., во адвокатска и нотарска канцеларија биле изработени фиктивни договори за купопродажба и заем од 1.000.000 денари, со фалсификување потписи, врз основа на што возилото било препишано на име на З.Р., а на оштетената ѝ била блокирана сметката преку извршител. Во втор случај, уште едно лице било изнудувано за дополнителни камати и покрај тоа што ги вратило позајмените 180.000 денари.

    Прочитај повеќе

    Мајка уапсена во Скопје: Пријавено дека физички ја нападнала малолетната ќерка

    06.11.2026 во 12:41

    Ја уценувал со експлицитни фотографии: Барал пари за да не ги испрати на нејзиното семејство

    06.11.2026 во 12:39
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.