Close Menu
Press24
    Најново

    Ѓорѓиевски: Отворен нов фризерско-козметички кабинет во СУГС „Димитар Влахов“

    06.11.2026 во 12:28

    Кривична пријава за матичар од Слупчане: Изготвувал лажни изводи за странски државјани

    06.11.2026 во 12:20

    Тешка сообраќајка во скопско: Мотоциклист заврши на Ургентен по судир со автобус

    06.11.2026 во 12:15
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Ѓорѓиевски: Отворен нов фризерско-козметички кабинет во СУГС „Димитар Влахов“
    • Кривична пријава за матичар од Слупчане: Изготвувал лажни изводи за странски државјани
    • Тешка сообраќајка во скопско: Мотоциклист заврши на Ургентен по судир со автобус
    • Утре повеќе од 6 часа ќе нема струја – најавени исклучувања во неколку населени места
    • Повеќе инвестиции и посилни економски врски – Муцунски го пречека швајцарскиот колега
    • Возел „мортус пијан” а имал и забрана – Лишени од слобода 12 возачи
    • Македонска паметна иновација меѓу најдобрите на Балканот – ding.mk награден за зелена бизнис-идеја
    • Смртта на Билјана отвори болна тема: Речиси 4.000 пријави за семејно насилство за девет месеци
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Ѓорѓиевски: Отворен нов фризерско-козметички кабинет во СУГС „Димитар Влахов“

    Ѓорѓиевски: Отворен нов фризерско-козметички кабинет во СУГС „Димитар Влахов“

    06.11.2026 во 12:282 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Во средното училиште на Град Скопје „Димитар Влахов“ денеска официјално беше ставен во употреба нов, современо опремен фризерско-козметички кабинет наменет за практична настава на учениците.

    Новиот простор располага со шест фризерски работни места, две берберски позиции, две места за шминкање, како и целосна опрема за маникир и козметички третмани.

    Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски истакна дека ова инвестирање ќе им овозможи на младите соодветно совладување на занаетот уште во текот на образованието.

    „Денес, го пуштивме во употреба современо опремениот фризерско-козметички кабинет наменет за средното училиште на Град Скопје „Димитар Влахов“, простор во кој талентот ќе се развива, знаењето ќе се применува, а младите ќе ги прават првите чекори кон својата професија! Кабинетот располага со 6 фризерски работни места, 2 берберски, 2 позиции за шминкање, како и опрема за маникир и козметички третмани. Ова е можност еден млад човек да открие во што е најдобар и да изгради иднина со сопствените знаење, труд и вештини“, изјави Ѓорѓиевски.

    Тој појасни дека учениците преку практичната работа ќе ги вежбаат фризерските техники и козметичките услуги користејќи професионални алатки под надзор на професорите.

    „Тука учениците ќе вежбаат едни на други, ќе ги совладуваат фризерските техники, ќе користат професионална опрема и ќе учат како се гради доверба со клиентот. Чекор по чекор, со поддршка од професорите, ќе стекнуваат искуство и самодоверба за вистинските предизвици на својата идна професија. Особено значајно е што во рамките на практичната настава ќе можат да им нудат услуги по субвенционирани цени на учениците од другите средни училишта. Така, практичната работа добива уште поголема вредност, а младите добиваат дополнителен мотив да го изберат стручното образование и да ја препознаат својата иднина во него“, додаде тој.

    Според Ѓорѓиевски, создавањето услови за стручно образование е клучниот чекор кон градење успешна кариера и самостојни бизниси за младите.

    „Верувам во овие млади луѓе. Во нивните вредни раце, во нивната креативност и во желбата да успеат. Наша обврска е да им обезбедиме услови со кои ќе можат да го покажат сето она што го умеат! Затоа што, најдобро се учи кога теоријата се претвора во практика, а практиката во професија. Вложуваме во младите денес, за утре да стојат цврсто на свои нозе. Со свој занает. Со своја кариера. Со можност да создадат и сопствен бизнис. Нивниот успех е успех на Скопје!“, порача Ѓорѓиевски.

    Прочитај повеќе

    Утре повеќе од 6 часа ќе нема струја – најавени исклучувања во неколку населени места

    06.11.2026 во 12:08

    Ѓорѓиевски најавува алатки за спречување корупција во Скопје: „Одговорност за секоја одлука, отчетност за секој денар”

    06.11.2026 во 11:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.