Дваесет и петгодишен мотоциклист се здобил со тешки телесни повреди во сообраќајна несреќа што се случила вчера попладне во селото Студеничани, скопско.
„Вчера во 14:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул. „1“ во с. Студеничани, скопско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл „сузуки“ со скопски регистарски ознаки управуван од С.О.(25) од с. Долно Количани, скопско и автобус со скопски регистарски ознаки управуван од Г.Н.(52) од с. Таор, скопско.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје“, соопштија од МВР.
- Тешка сообраќајка во скопско: Мотоциклист заврши на Ургентен по судир со автобус
- Утре повеќе од 6 часа ќе нема струја – најавени исклучувања во неколку населени места
- Повеќе инвестиции и посилни економски врски – Муцунски го пречека швајцарскиот колега
- Возел „мортус пијан” а имал и забрана – Лишени од слобода 12 возачи
- Македонска паметна иновација меѓу најдобрите на Балканот – ding.mk награден за зелена бизнис-идеја
- Смртта на Билјана отвори болна тема: Речиси 4.000 пријави за семејно насилство за девет месеци
- Кузеска: Власта врши притисок за продажба на „Алта банка“ за да го заташка криминалот
- Вонредна состојба во Германија: Се преврте камион со киселина

