Close Menu
Press24
    Најново

    Бизнисменот Азманов натепан во судница во Скопје

    06.11.2026 во 13:24

    Камион удри во пешак во Чаир: Повредениот е хоспитализиран со тешки повреди

    06.11.2026 во 13:18

    Хасан: Герасимовски ја злоупотребува наградата „Феникс“ за личен ПР и промоција

    06.11.2026 во 13:14
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Бизнисменот Азманов натепан во судница во Скопје
    • Камион удри во пешак во Чаир: Повредениот е хоспитализиран со тешки повреди
    • Хасан: Герасимовски ја злоупотребува наградата „Феникс“ за личен ПР и промоција
    • Петрушевски: СДС шират лажни вести и паника за партиски поени, ЈО веднаш да отвори случај
    • Кривична пријава за двајца тетовци: Лажирале договор за купопродажба за да препишат стан
    • Разбиена криминална група во Куманово: Позајмиле 4.000 евра со камата од 2.500, па барале и автомобил како залог
    • Мајка уапсена во Скопје: Пријавено дека физички ја нападнала малолетната ќерка
    • Ја уценувал со експлицитни фотографии: Барал пари за да не ги испрати на нејзиното семејство
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Македонија се интегрира во европските гасни коридори: Божиновска ги претстави енергетските проекти во Загреб

    Македонија се интегрира во европските гасни коридори: Божиновска ги претстави енергетските проекти во Загреб

    06.11.2026 во 11:222 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Регионалното енергетско поврзување и подготвеноста за климатските предизвици беа главните теми на министерскиот состанок на CESEC во Загреб, каде што излагање имаше министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска.

    Божиновска порача дека регионалното опремување е од суштинско значење за долгорочната стабилност.

    „Енергетската безбедност и диверзификацијата повеќе не се само стратешки опции, туку неопходност. Регионалното поврзување и заедничките вложувања се клучни за стабилно снабдување, конкурентна економија и долгорочна енергетска сигурност“, порача Божиновска.

    Таа ги претстави временските рамки за изградба на гасната мрежа, според кои интерконекцијата со Грција ќе биде готова до средината на 2027 година, а конекцијата со Србија до 2028 година.

    „Со вклучувањето на двата проекти во иницијативата „Вертикален гасен коридор“, Македонија станува важен дел од регионалната инфраструктура за диверзификација на снабдувањето и поврзување на енергетските пазари“, истакна Божиновска.

    Реформите во секторот опфаќаат усогласување со европските правила за транспарентен и конкурентен пазар на гас. Покрај ова, беа дискутирани ефектите од електрификацијата, обновливите извори на енергија и водородната стратегија.

    Во однос на заштитата на енергетските системи од временски неприлики, министерката подвлече дека е потребна поголема инфраструктурна подготвеност.

    „Климатската отпорност мора да стане трет столб на енергетската безбедност, покрај сигурноста на снабдувањето и диверзификацијата. Потребни ни се енергетски системи што ќе бидат не само поврзани и ефикасни, туку и отпорни на идните предизвици“, нагласи Божиновска.

    Прочитај повеќе

    Хасан: Герасимовски ја злоупотребува наградата „Феникс“ за личен ПР и промоција

    06.11.2026 во 13:14

    Петрушевски: СДС шират лажни вести и паника за партиски поени, ЈО веднаш да отвори случај

    06.11.2026 во 13:03
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.