Close Menu
Press24
    Најново

    Кумановските лихвари малтретирале жена – нотар заверувал лажни договори

    06.11.2026 во 10:37

    Паѓа цената на нафтата – Каква одлука ќе донесе РКЕ во понеделник

    06.11.2026 во 10:31

    Од 1 до 14 степени: Големи температурни разлики низ Македонија, ова е состојбата

    06.11.2026 во 10:19
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Кумановските лихвари малтретирале жена – нотар заверувал лажни договори
    • Паѓа цената на нафтата – Каква одлука ќе донесе РКЕ во понеделник
    • Од 1 до 14 степени: Големи температурни разлики низ Македонија, ова е состојбата
    • Погребана младата Билјана: „Небото доби нов ангел, покосена од тој кој требаше да ја сака”
    • Се шири шуга меѓу учениците во Србија
    • Се менува системот: Викендов можни прекини во банкарските услуги кај сите банки во земјава
    • Серија лажни закани за бомби на 21 европски аеродром: Подигнати воени ловци и пренасочени летови
    • СДСМ: „Што читал Муцунски? – Извештајот на ЕК покажува нула напредок во борбата против корупцијата”
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Кумановските лихвари малтретирале жена – нотар заверувал лажни договори

    Кумановските лихвари малтретирале жена – нотар заверувал лажни договори

    06.11.2026 во 10:372 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција отвори истрага против четири лица осомничени дека со години изнудувале пари од граѓани, користејќи ја нивната финансиска зависност од претходно земени позајмици. За тројца е побаран притвор, додека четвртиот осомничен подолг период е надвор од државата.

    Според Обвинителството, криминалната група ја формирал жител на Куманово, а функционирала од 2021 година. Осомничените давале заеми со високи камати, а потоа со закани ги принудувале должниците да плаќаат дополнителни суми, да им предаваат имот или да ги ставаат своите банкарски сметки на располагање за перење пари.

    Една од жртвите позајмила 4.000 евра, со договор за само еден месец да врати дополнителни 2.500 евра камата. Иако го исплатила целиот износ, осомничениот продолжил да ѝ се заканува, барајќи да ја користи нејзината банкарска сметка. Откако одбила, групата изготвила фиктивни договори за купопродажба на нејзиниот автомобил и за наводен заем од еден милион денари. Потписите на жената биле фалсификувани, а документите заверени на нотар без нејзино знаење. Автомобилот бил префрлен на еден од осомничените, а жртвата била принудена да плати и дополнителни пари.

    Меѓу оштетените е и граѓанин кој во 2021 година двапати позајмил по 180.000 денари за лекување на сопругата. Иако ги вратил позајмиците, осомничените продолжиле да му бараат камати и го принудиле да ја користат неговата сметка за префрлање пари од изнуди, прикажани како легални заеми, кои потоа ги подигале во готовина.

    Истрагата опфаќа кривични дела злосторничко здружување, изнуда и перење пари. Осомничен е и нотарот кој ги заверил фиктивните документи, за кривично дело несовесно работење во службата. За него Обвинителството побарало мерки на претпазливост.

    Прочитај повеќе

    Погребана младата Билјана: „Небото доби нов ангел, покосена од тој кој требаше да ја сака”

    06.11.2026 во 10:11

    „За Билјана, за сите жени, за живот без насилство“ – Протест во Богданци по трагедијата која ја потресе Македонија

    06.11.2026 во 09:12
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.