Осум лица го загубија животот, а едно е тешко повредено во серија вооружени напади во турската провинција Афјонкарахисар, по што полицијата по опсежна акција го уапси осомничениот нападач.
Турските медиуми пренесуваат дека жртвите биле откриени во три одделни возила на различни локации, при што три тела биле пронајдени кај селото Ајазини, три во реонот на селото Кијир, додека две жени кои биле пронајдени во селото Јукаритандир им подлегнале на повредите во болница. Меѓу загинатите се евидентирани и двајца наставници.
Осомничениот бил снимен од безбедносните камери како носи долго огнено оружје покрај црвено возило.
Според турскиот весник „Милијет“, при обидот за бегство возилото на осомничениот заглавило во кал, по што тој ја продолжил бегството пеш.
Полициската операција заврши со негово лоцирање и апсење на територијата на провинцијата Ескишехир, а истрагата за мотивите зад овој масовен злостор е во тек.

