Огревни дрва без документација превезувал 37-годишен скопјанец, кого полицијата го запрела вчера вечер во селото Кучевиште. При контролата било утврдено дека дрвата се транспортираат без документи за нивното потекло и превоз.



ФОТО: Министерство за внатрешни работи – МВР
Скопјанецот бил приведен и однесен во полициска станица, а за случајот била известена и Шумската полиција, која треба да преземе понатамошни мерки.
Дополнително, полициските проверки покажале дека 37-годишникот воопшто нема возачка дозвола. За ова е известен јавен обвинител, по чии насоки против него ќе биде поднесена кривична пријава согласно член 297-а од Кривичниот законик.

