Close Menu
Press24
    Најново

    „АЛТА банка“ изврши исплата за 556 пензионери: Од утре започнува и исплатата на социјалната помош

    05.11.2026 во 16:48

    МВР: За само пет дена пријавени 25 случаи на семејно насилство, приведени 14 лица

    05.11.2026 во 16:27

    Мицкоски: За оваа хистерија со Алта Банка се лежи 3 години затвор – време е Обвинителството да се позанимава со СДСМ

    05.11.2026 во 15:59
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • „АЛТА банка“ изврши исплата за 556 пензионери: Од утре започнува и исплатата на социјалната помош
    • МВР: За само пет дена пријавени 25 случаи на семејно насилство, приведени 14 лица
    • Мицкоски: За оваа хистерија со Алта Банка се лежи 3 години затвор – време е Обвинителството да се позанимава со СДСМ
    • Мицкоски: Ве гледам во очи и ви кажувам – и во најлошото сценарио до денар ќе бидат вратени сите пари од Алта банка
    • Мицкоски: Со Алта Банка можни се две сценарија
    • Пронајдени 32 пакетчиња кокаин во автомобил во Скопје – возачот имал и активна забрана
    • Димитриеска-Кочоска: Фискалната консолидација и макроекономската стабилност остануваат клучни приоритети
    • Тинекс го продаде Cosmo на српска фирма
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » „АЛТА банка“ изврши исплата за 556 пензионери: Од утре започнува и исплатата на социјалната помош

    „АЛТА банка“ изврши исплата за 556 пензионери: Од утре започнува и исплатата на социјалната помош

    05.11.2026 во 16:481 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Денеска „АЛТА банка“ АД Битола им изврши исплата на средства на 556 пензионери кои имаат платежни сметки во банката, а не располагаат со платежни картички, со што е надминат првичниот план од околу 400 исплати.

    Исплатата се одвивала во најдобар ред во филијалата во Битола. Освен граѓаните кои биле повикани преку СМС-пораки, на шалтерите биле услужени и сите оние кои немале оставено телефонски број, а самостојно дошле да ги подигнат парите. Согласно со утврдените ограничувања, граѓаните можеле да повлечат до 20.000 денари, во рамките на максимално дозволениот износ за период од две недели.

    Од Народната банка информираат дека на сметките на банката денеска се уплатени и средствата за социјална помош од Министерството за социјална политика, демографија и млади, со што се создадени услови исплатата за овие корисници да започне утре, 6 ноември.

    Филијалата во Битола утре ќе работи во две смени, а отворена за клиентите ќе биде и во сабота. Наредната недела се очекува и отворање на шалтери во другите градови низ државата.

    Прочитај повеќе

    Димитриеска-Кочоска: Фискалната консолидација и макроекономската стабилност остануваат клучни приоритети

    05.11.2026 во 15:23

    Тинекс го продаде Cosmo на српска фирма

    05.11.2026 во 15:12
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.