Close Menu
Press24
    Најново

    Серафимовски: Поддршката од ЕУ овозможува модернизација на земјоделството и усогласување со европските стандарди

    05.11.2026 во 14:55

    Полскиот нуркач Бартломиеј Питала прогласен за почесен граѓанин на Скопје

    05.11.2026 во 14:33

    Утре протест во Богданци „Стоп за фемицидот“

    05.11.2026 во 14:27
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Серафимовски: Поддршката од ЕУ овозможува модернизација на земјоделството и усогласување со европските стандарди
    • Полскиот нуркач Бартломиеј Питала прогласен за почесен граѓанин на Скопје
    • Утре протест во Богданци „Стоп за фемицидот“
    • Акција на МВР со ДЕА – пресретнат канал запленети над 300кг кокаин
    • Славески: Започна исплатата на пари за клиентите на „АЛТА банка“, приоритет за пензионерите и социјалните случаи
    • Ја претепал снаата: Кривична за жител на Боговиње
    • Герасимовски: 37 ученици од Центар добија стипендии, зголемена финансиската поддршка за талентираните ученици
    • ВИДЕО: Уапсен Драган Петровски – Штука – го гонат за лихварство и изнуди
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Серафимовски: Поддршката од ЕУ овозможува модернизација на земјоделството и усогласување со европските стандарди

    Серафимовски: Поддршката од ЕУ овозможува модернизација на земјоделството и усогласување со европските стандарди

    05.11.2026 во 14:552 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Континуираната поддршка од Европската Унија овозможува натамошна модернизација на земјоделските стопанства и преработувачката индустрија, воведување нови технологии и усогласување со европските стандарди, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски, на состанокот на Секторската работна група за земјоделство и рурален развој.

    Серафимовски ги посочи клучните фокусни точки за развој на овој сектор во наредниот период.

    „Посебен акцент ќе ставиме на консолидацијата на земјоделското земјиште, развојот на системите за наводнување, зајакнувањето на задругите и организациите на производители и подобрувањето на земјоделските вредносни синџири“, нагласи министерот Серафимовски.

    Тој посочи дека идните мерки ќе бидат насочени кон климатски отпорно и еколошки одржливо земјоделство, ревитализација на руралните средини, поддршка за младите земјоделци, жените и малите стопанства, како и унапредување на безбедноста на храната.

    „Нашата заложба е да продолжиме со ефикасно спроведување на ИПАРД III програмата, но и навремено да се подготвиме за новиот финансиски период 2028–2034 година. Активно работиме на идентификување на идните можности за финансирање, имаме капацитети за квалитетни инвестициски проекти за успешно користење на европските средства“, истакна Серафимовски.

    На состанокот, каде што учествуваше и раководителот на Секторот за операции во Делегацијата на ЕУ, Евоут Сандкер, беа разгледани приоритетните области по 2027 година, статусот на ИПА-проектите и придобивките од заедничкото уредување на пазарите.

    Во однос на Извештајот на ЕК за 2026 година, министерот порача дека ресорот целосно ќе се фокусира на исполнување на обврските и спроведување на реформите.

    Прочитај повеќе

    Утре протест во Богданци „Стоп за фемицидот“

    05.11.2026 во 14:27

    Акција на МВР со ДЕА – пресретнат канал запленети над 300кг кокаин

    05.11.2026 во 14:01
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.