Close Menu
Press24
    Најново

    Полскиот нуркач Бартломиеј Питала прогласен за почесен граѓанин на Скопје

    05.11.2026 во 14:33

    Утре протест во Богданци „Стоп за фемицидот“

    05.11.2026 во 14:27

    Акција на МВР со ДЕА – пресретнат канал запленети над 300кг кокаин

    05.11.2026 во 14:01
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Полскиот нуркач Бартломиеј Питала прогласен за почесен граѓанин на Скопје
    • Утре протест во Богданци „Стоп за фемицидот“
    • Акција на МВР со ДЕА – пресретнат канал запленети над 300кг кокаин
    • Славески: Започна исплатата на пари за клиентите на „АЛТА банка“, приоритет за пензионерите и социјалните случаи
    • Ја претепал снаата: Кривична за жител на Боговиње
    • Герасимовски: 37 ученици од Центар добија стипендии, зголемена финансиската поддршка за талентираните ученици
    • ВИДЕО: Уапсен Драган Петровски – Штука – го гонат за лихварство и изнуди
    • Каде е најтопло, а каде најстудено денеска: УХМР ги измери температурите во 13 часот
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Полскиот нуркач Бартломиеј Питала прогласен за почесен граѓанин на Скопје

    Полскиот нуркач Бартломиеј Питала прогласен за почесен граѓанин на Скопје

    05.11.2026 во 14:33Updated:05.11.2026 во 14:452 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Полскиот нуркач Бартломиеј Питала е прогласен за почесен граѓанин на Скопје, како признание за неговиот историски подвиг во подводната пештера Врело на Матка, каде што достигна длабочина од 338 метри и постави светски рекорд во истражувањето на подводни пештери.

    Одлуката за доделување на признанието беше донесена денеска на седницата на Советот на Град Скопје, во знак на благодарност за неговиот придонес во промоцијата на Скопје и природното богатство на Македонија пред меѓународната јавност.

    Рекордното нуркање беше реализирано во рамките на меѓународната експедиција „Врело 2026“, со учество и поддршка на нуркачки тимови од Македонија, Полска и Италија. Со достигнатата длабочина од 338 метри, пештерата Врело стана најдлабоката подводна пештера во светот истражена од човек.

    – Во мое име и во името на Советот, му изразувам огромна благодарност за експедицијата, за историскиот рекорд и за придонесот во светската промоција на нашиот град. Со ова признание, Скопје му оддава заслужена почит на човекот кој ги помести границите на истражувањето и ни даде уште една голема причина за гордост – објави на Фејсбук градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски.

    Со прогласувањето за почесен граѓанин, Скопје му оддава признание на Питала за неговата улога во експедицијата, постигнатиот светски рекорд и придонесот во афирмацијата на градот на меѓународно ниво.

    – Господин Питала остави трага во историјата на Врело и во срцето на Скопје. Од денес, нашиот град е и негов! Скопје ги памети и ги почитува луѓето што го задолжиле со своите дела – напиша градоначалникот.

    Прочитај повеќе

    Пукање на универзитет, шест деца меѓу повредените во Талахаси

    26.10.2026 во 09:37

    Министер за меѓународни партнерства и странски инвестиции Зулфикар Зејнула во прва официјална посета на Турција: Средба со министерот за надворешни работи Хакан Фидан

    25.10.2026 во 12:55
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.