Close Menu
Press24
    Најново

    Славески: Започна исплатата на пари за клиентите на „АЛТА банка“, приоритет за пензионерите и социјалните случаи

    05.11.2026 во 14:00

    Ја претепал снаата: Кривична за жител на Боговиње

    05.11.2026 во 13:55

    Герасимовски: 37 ученици од Центар добија стипендии, зголемена финансиската поддршка за талентираните ученици

    05.11.2026 во 13:50
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Славески: Започна исплатата на пари за клиентите на „АЛТА банка“, приоритет за пензионерите и социјалните случаи
    • Ја претепал снаата: Кривична за жител на Боговиње
    • Герасимовски: 37 ученици од Центар добија стипендии, зголемена финансиската поддршка за талентираните ученици
    • ВИДЕО: Уапсен Драган Петровски – Штука – го гонат за лихварство и изнуди
    • Каде е најтопло, а каде најстудено денеска: УХМР ги измери температурите во 13 часот
    • Николовски: Создаваме брз и нераскинлив синџир на правдата
    • Шефот на швајцарската дипломатија утре во Скопје на средба со Муцунски
    • Поскапуваат кафаните
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Славески: Започна исплатата на пари за клиентите на „АЛТА банка“, приоритет за пензионерите и социјалните случаи

    Славески: Започна исплатата на пари за клиентите на „АЛТА банка“, приоритет за пензионерите и социјалните случаи

    05.11.2026 во 14:002 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    „Утрово започна исплатата на средствата на граѓаните кои имаат платежни сметки во „АЛТА банка“ АД Битола, а не располагаат со платежни картички, со посебен приоритет на пензионерите и примателите на социјална помош“, информираше гувернерот на Народната банка, д-р Трајко Славески, на средбата со претседателката на Сојузот на здруженијата на пензионерите на Македонија (СЗПМ), Станка Трајкова, и директорот на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување, Никола Мемов.

    Исплатата на средствата се одвива непречено. Иако за денеска преку СМС-пораки беа повикани околу 400 граѓани, на шалтерите се услужуваат и граѓаните кои немаат оставено телефонски број за контакт, а самостојно дошле да ги подигнат средствата. Согласно со утврдените ограничувања, граѓаните можат да повлечат до 20.000 денари, во рамките на максимално дозволениот износ за период од две недели.

    Гувернерот посочи дека Народната банка работи и на создавање услови за организирање исплата на средствата преку шалтери и во други градови во земјата, со цел да им се олесни пристапот на пензионерите и примателите на социјална помош до нивните средства.

    „Ги разбираме загриженоста и потребата на граѓаните да располагаат со своите средства, особено кога станува збор за пензиите, платите и средствата наменети за намирување на секојдневните животни потреби. Сакам уште еднаш јасно да нагласам дека средствата на клиентите и понатаму се наоѓаат на нивните сметки во „АЛТА банка“ АД Битола. Привремените ограничувања се однесуваат на начинот на располагање со средствата и се воведени со цел да се зачуваат ликвидноста и стабилноста на Банката и да се заштитат интересите на сите нејзини клиенти“, истакна гувернерот Славески.

    Гувернерот Славески, директорот на ПИОМ, Мемов, и претседателката на СЗПМ, Трајкова, ги повикаа пензионерите да бидат спокојни дека исплатата на средствата на пензионерите и примателите на социјална помош е приоритет во активностите на Народната банка. Воедно, беше посочено дека се работи и на изнаоѓање решенија за постепено обезбедување на другите банкарски услуги во најкус можен рок.

    Гувернерот Славески нагласи дека Народната банка континуирано презема активности за надминување на настанатата состојба и изнаоѓање соодветни решенија коишто ќе овозможат постепено и безбедно олеснување на располагањето со средствата на граѓаните и компаниите.

    На средбата беше истакната и важноста на континуираната комуникација и соработката со здруженијата на пензионерите, како значајни партнери во навременото информирање на граѓаните и заштитата на нивните права како корисници на платежните услуги.

    Прочитај повеќе

    Поскапуваат кафаните

    05.11.2026 во 13:24

    Поскапеа кафеаните

    05.11.2026 во 13:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.