Според последните мерења на УХМР направени во 13 часот, температурите низ државата се движат од речиси 1 степен на планинските места до близу 14 степени во јужните региони.
Најтопли градови во попладневните часови се Гевгелија со 13,8 °C и Велес со 13,2 °C. Пријатни 12,7 степени се измерени во Кавадарци и Струмица, додека во Демир Капија живата на термометарот се искачи на 12,4 степени.
Во главниот град Скопје, мерната станица Петровец забележа 12,0 °C, а на Зајчев Рид се измерени 11,2 °C. Слични вредности се регистрирани и во Охрид (11,9 °C), Куманово (11,8 °C) и Штип (11,7 °C).
Најниски температури се забележани на Попова Шапка каде се измерени 0,8 степени, во Крушево со 5,7 °C и Пожаране со 7,4 °C. Во Берово и Лазарополе температурите изнесуваат 8,0 и 8,2 степени соодветно.

