Close Menu
Press24
    Најново

    ВИДЕО: Уапсен Драган Петровски – Штука – го гонат за лихварство и изнуди

    05.11.2026 во 13:49

    Каде е најтопло, а каде најстудено денеска: УХМР ги измери температурите во 13 часот

    05.11.2026 во 13:49

    Николовски: Создаваме брз и нераскинлив синџир на правдата

    05.11.2026 во 13:46
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • ВИДЕО: Уапсен Драган Петровски – Штука – го гонат за лихварство и изнуди
    • Каде е најтопло, а каде најстудено денеска: УХМР ги измери температурите во 13 часот
    • Николовски: Создаваме брз и нераскинлив синџир на правдата
    • Шефот на швајцарската дипломатија утре во Скопје на средба со Муцунски
    • Поскапуваат кафаните
    • Ѓорѓиевски најави ослободување од комуналии за млади брачни парови и самохрани родители во Скопје
    • ФОТО: Пензионерски редици пред Алта Банка
    • Му ветил работа во фирма, па му земал 110.700 денари – гостиварчанец пријавен за измама
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ВИДЕО: Уапсен Драган Петровски – Штука – го гонат за лихварство и изнуди

    ВИДЕО: Уапсен Драган Петровски – Штука – го гонат за лихварство и изнуди

    05.11.2026 во 13:491 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Драган Петровски, познат под прекарот Штука, е уапсен во големата полициска акција што од утрово се спроведува во Куманово. Според неофицијалните информации, Петровски е осомничен како организатор на криминална група која подолг период се занимавала со изнуда, лихварство и перење пари.

    Истражителите се сомневаат дека групата користела закани, насилство и уцени за да стекнува противправна имотна корист. Во рамките на акцијата биле извршени претреси на повеќе локации, вклучително и во нотарска канцеларија и менувачница, а неофицијално биле пронајдени поголеми суми пари, возила и документација.

    Од Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција потврдија дека се спроведува полициска акција за обезбедување докази поврзани со кривичните дела изнуда, перење пари и други приноси од казниво дело и несовесно работење во службата.

    Акцијата ја спроведува Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР, под координација на јавен обвинител. Засега нема официјална потврда за апсењето на Петровски, ниту информации за вкупниот број приведени лица. Од Обвинителството најавуваат повеќе детали по завршувањето на полициските активности.

    Прочитај повеќе

    Му ветил работа во фирма, па му земал 110.700 денари – гостиварчанец пријавен за измама

    05.11.2026 во 13:10

    Апсења во Скопје

    05.11.2026 во 13:05
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.