Close Menu
Press24
    Најново

    Граѓаните одлучуваат за што ќе се трошат пари во Кисела Вода – Отворен повик за предлози

    05.11.2026 во 09:28

    Наместо облека, во кутиите имало 207 килограми канабис: Голема заплена на аеродромот во Атина

    05.11.2026 во 09:25

    Во Србија се апсат полицајци за насилството врз демонстрантите од минатогодишните протести

    05.11.2026 во 09:21
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Граѓаните одлучуваат за што ќе се трошат пари во Кисела Вода – Отворен повик за предлози
    • Наместо облека, во кутиите имало 207 килограми канабис: Голема заплена на аеродромот во Атина
    • Во Србија се апсат полицајци за насилството врз демонстрантите од минатогодишните протести
    • Дневен хороскоп: Тензии на работното место за Овните, поволен ден за преговори на Близнаците
    • Од утрово врие полиција на кумановските улици – голема акција на МВР, претреси и кај нотари
    • Се празнува Свети апостол Јаков, брат Господов – Ова се обичаите за празникот
    • Побрза размена на информации и следење на предметите – Шест институции заедно против криминал и корупција
    • Компаниите под лупа поради загадувањето – Дебата за почист воздух во Скопје
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Граѓаните одлучуваат за што ќе се трошат пари во Кисела Вода – Отворен повик за предлози

    Граѓаните одлучуваат за што ќе се трошат пари во Кисела Вода – Отворен повик за предлози

    05.11.2026 во 09:281 Min Read
    Бети Стаменоска Трајкоска, Фејсбук
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Општина Кисела Вода продолжува со консултациите со граѓаните за подготовка на општинскиот буџет за 2027 година. По средбата во Драчево, синоќа беше одржана и јавна дискусија во Домот на културата „Билјана Беличанец“, на која жителите имаа можност да ги посочат потребите на своите населби и да предложат конкретни решенија.

    Градоначалничката им се заблагодари на сите граѓани кои присуствувале на средбата и активно се вклучиле во дискусијата, нагласувајќи дека нивните предлози и идеи ќе помогнат во утврдувањето на приоритетите за развој на општината.

    Процесот се реализира во соработка со Finance Think, под мотото „Предложи, дискутирај, приоритизирај“, со цел граѓаните директно да учествуваат во одредувањето на буџетските приоритети.

    За оние кои не биле во можност да присуствуваат на јавните средби, останува отворена можноста своите предлози да ги достават и електронски преку следниот линк: https://tinyurl.com/PrijaviProblem.

    Од Општината посочуваат дека секој предлог е важен за утврдување на реалните потреби на жителите и планирање на идните инвестиции и активности.

    Процесот се спроведува во рамки на проектот „Граѓански надзор: Премостување на јазот помеѓу политичките ветувања и остварувања во четири развојни области“, поддржан од Владата на Швајцарија преку Civica Mobilitas.

    Just In Top News
    Прочитај повеќе

    Од утрово врие полиција на кумановските улици – голема акција на МВР, претреси и кај нотари

    05.11.2026 во 08:54

    Се празнува Свети апостол Јаков, брат Господов – Ова се обичаите за празникот

    05.11.2026 во 08:50
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.