Close Menu
Press24
    Најново

    Наместо облека, во кутиите имало 207 килограми канабис: Голема заплена на аеродромот во Атина

    05.11.2026 во 09:25

    Во Србија се апсат полицајци за насилството врз демонстрантите од минатогодишните протести

    05.11.2026 во 09:21

    Дневен хороскоп: Тензии на работното место за Овните, поволен ден за преговори на Близнаците

    05.11.2026 во 09:08
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Наместо облека, во кутиите имало 207 килограми канабис: Голема заплена на аеродромот во Атина
    • Во Србија се апсат полицајци за насилството врз демонстрантите од минатогодишните протести
    • Дневен хороскоп: Тензии на работното место за Овните, поволен ден за преговори на Близнаците
    • Од утрово врие полиција на кумановските улици – голема акција на МВР, претреси и кај нотари
    • Се празнува Свети апостол Јаков, брат Господов – Ова се обичаите за празникот
    • Побрза размена на информации и следење на предметите – Шест институции заедно против криминал и корупција
    • Компаниите под лупа поради загадувањето – Дебата за почист воздух во Скопје
    • Трагедијата во Богданци одекна и во регионот – Смртта на 17-годишната девојка отвори болни прашања
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Наместо облека, во кутиите имало 207 килограми канабис: Голема заплена на аеродромот во Атина

    Наместо облека, во кутиите имало 207 килограми канабис: Голема заплена на аеродромот во Атина

    05.11.2026 во 09:251 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Грчките служби спречија шверц на над 200 килограми канабис, кои под декларација за облека пристигнале на аеродромот „Елефтериос Венизелос“ во Атина. Запленетата дрога, чија вредност се проценува на околу еден милион евра, била испратена од Тајланд во август годинава.

    Спречувањето на влезот на наркотиците во Грција е резултат на соработката меѓу Дирекцијата за борба против дрога и Одделението за сузбивање на шверц при царинската управа на аеродромот, по претходно добиени оперативни информации.

    Запленетите 207 килограми и 466 грама суров канабис биле откриени во магацин за привремено складирање стока. Дрогата била распоредена во 48 картонски кутии, поставени на две палети.

    Проверка на документацијата покажала дека пратката била транспортирана со авион од Тајланд, при што како содржина во придружните документи била наведена единствено облека.

    – Се проценува дека очекуваната финансиска добивка од понатамошната дистрибуција на запленетата количина канабис би достигнала до 1.000.000 евра, соопштија од грчката полиција.

    Надлежните органи информираат дека истрагата продолжува со цел целосно расчистување на случајот и откривање на сите вмешани лица.

    Прочитај повеќе

    Во Србија се апсат полицајци за насилството врз демонстрантите од минатогодишните протести

    05.11.2026 во 09:21

    30-дневен притвор за Давор Мацура, сопственикот на Алта Банка АД Белград

    04.11.2026 во 13:59
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.