Close Menu
Press24
    Најново

    Од утрово врие полиција на кумановските улици – голема акција на МВР, претреси и кај нотари

    05.11.2026 во 08:54

    Се празнува Свети апостол Јаков, брат Господов – Ова се обичаите за празникот

    05.11.2026 во 08:50

    Побрза размена на информации и следење на предметите – Шест институции заедно против криминал и корупција

    05.11.2026 во 08:41
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Од утрово врие полиција на кумановските улици – голема акција на МВР, претреси и кај нотари
    • Се празнува Свети апостол Јаков, брат Господов – Ова се обичаите за празникот
    • Побрза размена на информации и следење на предметите – Шест институции заедно против криминал и корупција
    • Компаниите под лупа поради загадувањето – Дебата за почист воздух во Скопје
    • Трагедијата во Богданци одекна и во регионот – Смртта на 17-годишната девојка отвори болни прашања
    • Скопје ги слуша детските желби – најмладите можат да ги споделат своите новогодишни соништа
    • Огромни температурни разлики утринава во Македонија – УХМР најавува пресврт со времето
    • Исклучување во 9 часот – Улица во Скопје останува без вода
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Од утрово врие полиција на кумановските улици – голема акција на МВР, претреси и кај нотари

    Од утрово врие полиција на кумановските улици – голема акција на МВР, претреси и кај нотари

    05.11.2026 во 08:542 Mins Read
    ФОТО: МВР
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Засиленото присуство на полициски специјалци утрово на улиците во Куманово, според неофицијални информации, е најава за поголема полициска акција во која Одделот за сузбивање на организиран криминал и корупција при Бирото за јавна безбедност разоткрива организирана криминална група, составена од лица добро познати на кумановската криминална сцена.

    Станува збор за група која, според сомневањата на истражните органи, подолг временски период дејствувала на подрачјето на Куманово и пошироко, користејќи насилство, закани и уцени, а се занимавала со изнуда, лихварство, како и перење пари и други приноси од казниви дела.

    Според неофицијалните информации, за организатор на групата се сомничи лице со прекар Штука, а меѓу нејзините припадници се и други лица од Куманово. Во рамки на акцијата, покрај на повеќе локации поврзани со осомничените, под лупа на истражните органи се и нотарска канцеларија и менувачница, каде што се проверуваат можни поврзаности со истражуваните криминални активности.

    Неофицијално, при досегашните претреси се пронајдени парични средства, возила и документација.

    Акцијата е резултат на подолготрајна оперативно истражна работа на полициски истражители, во координација со Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, насочена кон разоткривање и сузбивање на криминални структури кои подолг период ја загрозуваат безбедноста и преку насилство и други криминални активности остваруваат противправна материјална корист.

    Featured Just In Picks Top News
    Прочитај повеќе

    Се празнува Свети апостол Јаков, брат Господов – Ова се обичаите за празникот

    05.11.2026 во 08:50

    Побрза размена на информации и следење на предметите – Шест институции заедно против криминал и корупција

    05.11.2026 во 08:41
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.