Close Menu
Press24
    Најново

    Побрза размена на информации и следење на предметите – Шест институции заедно против криминал и корупција

    05.11.2026 во 08:41

    Компаниите под лупа поради загадувањето – Дебата за почист воздух во Скопје

    05.11.2026 во 08:35

    Трагедијата во Богданци одекна и во регионот – Смртта на 17-годишната девојка отвори болни прашања

    05.11.2026 во 08:34
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Побрза размена на информации и следење на предметите – Шест институции заедно против криминал и корупција
    • Компаниите под лупа поради загадувањето – Дебата за почист воздух во Скопје
    • Трагедијата во Богданци одекна и во регионот – Смртта на 17-годишната девојка отвори болни прашања
    • Скопје ги слуша детските желби – најмладите можат да ги споделат своите новогодишни соништа
    • Огромни температурни разлики утринава во Македонија – УХМР најавува пресврт со времето
    • Исклучување во 9 часот – Улица во Скопје останува без вода
    • Ќе нема струја до 15 часот – Исклучувања во повеќе делови на Скопје
    • Рокас му го предава извештајот на ЕК на Мицкоски – Што забележа Брисел за Македонија?
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Побрза размена на информации и следење на предметите – Шест институции заедно против криминал и корупција

    Побрза размена на информации и следење на предметите – Шест институции заедно против криминал и корупција

    05.11.2026 во 08:412 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Шест државни институции денеска ќе потпишат Меморандум за соработка со кој треба да се унапреди меѓуинституционалната координација и да се овозможи побезбедна и поефикасна размена на податоци во борбата против организираниот криминал, корупцијата, перењето пари и финансирањето тероризам.

    Меморандумот се потпишува во рамки на проектот „Воспоставување систем за евиденција, податоци и управување со предмети на органите на прогонот“ (LERMS), финансиран од Европската Унија.

    Документот ќе го потпишат претставници на Јавното обвинителство, Министерството за внатрешни работи, Царинската управа, Управата за финансиска полиција, Управата за финансиско разузнавање и Агенцијата за управување со одземен имот.

    Преку проектот LERMS се воспоставува заедничка, автоматизирана и одржлива платформа која ќе ги поврзе шесте институции и ќе овозможи сигурна размена на информации, автоматизирано статистичко и аналитичко известување, како и следење на предметите во сите фази од кривично-правниот процес.

    Системот ќе овозможи следење на случаите од предистражните активности и поднесувањето кривични пријави, преку обвинителските и судските постапки, па сè до финансиските истраги и постапките за одземање и конфискација на имот.

    Очекувањата се дека со ваквиот пристап ќе се подобрат координацијата, ефикасноста и отчетноста на институциите во постапувањето по предметите поврзани со сериозен криминал.

    На настанот се најавени обраќања на претставничката на Делегацијата на Европската Унија во земјава, Роберта Кортезе, јавниот обвинител на Република Северна Македонија, Ненад Савески, и заменик-министерот за внатрешни работи, Астрит Исени. Ќе присуствуваат и директорите и раководителите на шесте институции кои го потпишуваат меморандумот.

    Featured Just In Picks Top News
    Прочитај повеќе

    Компаниите под лупа поради загадувањето – Дебата за почист воздух во Скопје

    05.11.2026 во 08:35

    Трагедијата во Богданци одекна и во регионот – Смртта на 17-годишната девојка отвори болни прашања

    05.11.2026 во 08:34
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.