Close Menu
Press24
    Најново

    Од денес промена: Важно известување за граѓаните кои имаат сметки во АЛТА банка

    05.11.2026 во 08:07

    АМСМ со важна информација за возачите – Состојбата на патиштата низ Македонија

    05.11.2026 во 08:05

    Студот допрва зема замав – Ќе се спасиме од дождот, па нова промена на времето

    05.11.2026 во 08:01
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Од денес промена: Важно известување за граѓаните кои имаат сметки во АЛТА банка
    • АМСМ со важна информација за возачите – Состојбата на патиштата низ Македонија
    • Студот допрва зема замав – Ќе се спасиме од дождот, па нова промена на времето
    • Млад Арачиновец со товарно возило удрил во возило на МВР
    • Клековски најави формирање комисија за случајот со Ива Михајлова, во ревизијата ќе бидат вклучени и експерти од странство
    • Нетанјаху остана без поддршката од старите сојузници: Се отвора патот на Ајзенкот до премиерскиот мандат
    • Сиљановска-Давкова со европратеници во Брисел: Европската перспектива бара заемна политичка волја и конкретни чекори
    • Сали во германскиот Бундестаг: Постепената интеграција треба да донесе конкретни придобивки за граѓаните и пред членството во ЕУ
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Од денес промена: Важно известување за граѓаните кои имаат сметки во АЛТА банка

    Од денес промена: Важно известување за граѓаните кои имаат сметки во АЛТА банка

    05.11.2026 во 08:072 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Граѓаните кои имаат платежни сметки во Алта банка АД Битола, но не поседуваат платежни картички, од денеска ќе можат да ги подигнуваат парите директно на шалтерите во главната филијала на банката во Битола.

    За оваа намена ќе бидат отворени повеќе шалтери на улицата „Добривое Радосављевиќ“ бр. 21, каде што ќе се врши исплата на готовина. Мерката особено се однесува на пензионерите и корисниците на социјална помош кои средствата ги примаат преку сметки во оваа банка, информираат од Народната банка.

    Максималниот износ што граѓаните ќе можат да го подигнат е 20.000 денари во период од две недели.

    Од 6 ноември, како и во сабота на 7 ноември, филијалата ќе работи во две смени за да се овозможи побрза услуга и да се опслужат што поголем број клиенти.

    Исплатата ќе се организира во повеќе денови, согласно однапред утврден распоред. Секој клиент ќе добие СМС-порака со точниот датум и термин за подигање на средствата.

    Од Народната банка апелираат граѓаните да ги почитуваат добиените термини и да не доаѓаат во филијалата пред закажаното време или во денови кога не се повикани, со цел да се избегнат гужви и непотребно чекање. За граѓаните кои нема да можат да дојдат во предвидениот термин ќе бидат обезбедени дополнителни можности за исплата.

    Шалтерите ќе служат исклучиво за подигање готовина, без можност за извршување други банкарски трансакции.

    Во меѓувреме, се подготвува отворање вакви шалтери и во други градови низ земјата, наменети за пензионерите и примателите на социјална помош. За дополнителните локации, Народната банка најави дека јавноста ќе биде навремено информирана.

    Featured Just In Picks Top News
    Прочитај повеќе

    АМСМ со важна информација за возачите – Состојбата на патиштата низ Македонија

    05.11.2026 во 08:05

    Студот допрва зема замав – Ќе се спасиме од дождот, па нова промена на времето

    05.11.2026 во 08:01
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.