Сообраќајот на државните патишта утрово се одвива без пречки, а коловозите се претежно суви.
Според информациите од Автомотосојузот на Македонија (АМСМ), сообраќајниот интензитет надвор од населените места е умерен. На граничните премини од македонска страна, пак, нема подолги задржувања при влез и излез од државата.
Од АМСМ апелираат до возачите да ја приспособат брзината според условите на патот, да ја почитуваат сообраќајната сигнализација и да управуваат внимателно.
Посебна претпазливост се препорачува при движење низ котлините, речните долини и клисурите, каде што постои опасност од одрони.
Ризик од одрони е можен особено на патните делници Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево, информираат од АМСМ.

