Американскиот претседател Доналд Трамп им честиташе на демократите за постигнатиот резултат на меѓуизборите по серијата порази на републиканците, иако ги отфрли обвинувањата дека исходот претставува негов личен неуспех.
– Епа, го велам ова: честитки за демократите. Сработија добра работа – изјави Трамп за телевизијата Fox News, додавајќи дека опозицијата долго време работела кон овој момент.
Претходно, преку објава на социјалната мрежа Truth Social, тој ја отфрли идејата дека резултатите се одраз на неговата политика со пораката:
– Јас не бев на гласачкото ливче.
Според проекциите на американските телевизиски мрежи, демократите освоија контрола врз двата дома на Конгресот, откако презедоа повеќе сенаторски места кои претходно беа во рацете на републиканците и остварија значаен напредок во Претставничкиот дом.
Резултатите од меѓуизборите се оценуваат како сериозен удар за актуелната администрација, особено со оглед на тоа што Трамп лично водеше кампања за повеќе републикански кандидати.

