Close Menu
Press24
    Најново

    Жерновски: Алта банка е дел од бизнис шемата на Мицкоски и Вучиќ, a граѓаните ги плаќаат последиците

    03.11.2026 во 21:07

    Метеоролошки биланс за октомври: Постудено и суво време со значителен дефицит на врнежи

    03.11.2026 во 20:49

    Сиљановска-Давкова: ЕУ да покаже политичка волја и да понуди решенија за деблокада на евроинтеграциите

    03.11.2026 во 20:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Жерновски: Алта банка е дел од бизнис шемата на Мицкоски и Вучиќ, a граѓаните ги плаќаат последиците
    • Метеоролошки биланс за октомври: Постудено и суво време со значителен дефицит на врнежи
    • Сиљановска-Давкова: ЕУ да покаже политичка волја и да понуди решенија за деблокада на евроинтеграциите
    • Вучиќ предупредува: Студентската листа сака да ги укине традиционалните вредности на Србија
    • Забрзана постапка за нов претседател на ЕЦБ: Министрите за финансии во понеделник ги разгледуваат номинациите
    • Американците излегоа на гласачките места: Над 250 милиони граѓани со право на глас на меѓуизборите
    • Утре без вода и без струја ќе бидат следниве корисници
    • Мицкоски: Компанијата „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, најавени и три нови производни капацитети
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Жерновски: Алта банка е дел од бизнис шемата на Мицкоски и Вучиќ, a граѓаните ги плаќаат последиците

    Жерновски: Алта банка е дел од бизнис шемата на Мицкоски и Вучиќ, a граѓаните ги плаќаат последиците

    03.11.2026 во 21:074 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Секретарот за меѓународна соработка и член на Извршниот одбор на СДСМ, Андреј Жерновски, во интервју во вестите на телевизија Алсат, предупреди дека Македонија допрва ќе ги почувствува негативните последици од поврзаноста на Мицкоски со Вучиќ. Жерновски потсети дека СДСМ уште пред речиси една година предупредуваше за сомнителниот капитал на Алта банка и ризиците од нејзиното влегување во Македонија, но власта ги игнорираше предупредувањата. Тој посочи дека оваа банка не случајно не доби дозвола за влез на европскиот пазар, поради сомнежите за потеклото на парите, перење пари и безбедносните ризици.

    „За жал, ние допрва ќе ја видиме рефлексијата или негативните ефекти од папочната врска на Мицкоски со Вучиќ. Ова е тоа што го гледаме прво, а ќе се случуваат и други пострашни работи. Во декември ќе наполни година дена точно како јас и моите колеги зборувавме на оваа тема и кажувавме дека влезот на Алта банка е со крајно сомнителен капитал, дека таа банка неслучајно не ја пуштаат во Европа и Централната европска банка има дадена забрана за да влезе поради потеклото на парите, поради перење на пари и поради безбедносните ризици кои што таа банка ги предизвикува и тој капитал во целиот регион“, рече Жерновски.

    Жерновски нагласи дека влезот на Алта банка во Македонија беше форсиран и покрај предупредувањата, а како причина ги посочи бизнис интересите на Мицкоски и Вучиќ.

    „Не бевме послушани. Се форсираше да влезе таа банка. Зошто? Затоа што тоа беше бизнис-зделката помеѓу Мицкоски и Вучиќ. И сега дојдовме до ова што го гледаме, за жал“, рече Жерновски.

    Тој реагираше на изјавата на гувернерот Трајко Славески дека не знае кој е сопственик на Алта банка и дека тоа не го интересирало, иако токму тој ѝ даде дозвола на банката да влезе на македонскиот пазар.

    „Укажувавме кој е сопственик. Вчера слушам фрапантно интервју на гувернерот, изјава пред целата македонска јавност дека не знае кој е сопственик и дека не го интересира кој е сопственик. Ако вие не знаете кој е сопственик, не ве интересира сопствеништвото, а давате дозвола таа банка да влезе, што не е точно дека не знаел, тогаш вие не само што не сте за гувернер, вие сте за во затвор“, рече Жерновски.

    Во интервјуто, Жерновски нагласи дека мерката што ја донесе гувернерот Славески уште повеќе ги засилува сомнежите дека приоритет е испумпувањето на средствата, наместо заштитата на штедачите, додавајќи дека и Мицкоски и Славески треба да понесат одговорност.

    „Се ограничуваат средствата кои што може да се подигнат на десет илјади денари, при тоа изјавувате дека сè е во ред. Е сега, се блокираат средствата, меѓутоа компаниите може да ги користат парите, што значи дека граѓаните не треба да ги земат парите, туку треба фирмите да ги земат, односно валканите пари да бидат испумпани и тој криминал мора да се санкционира. Јас постојано кажувам дека втор на тапет е Трајко Славески, а прв е оној што го осмисли целиот проект и кој што, како што гледате вие, го нема во Македонија. Премиерот наш е во Германија. Го остави Трајко Славески да се дави буквално, а овој како што е талентиран не може да се извлече од ситуацијата колку што може Мицкоски да е подалеку, меѓутоа ќе го стигне одговорноста и казната Мицкоски“, рече Жерновски.

    Жерновски посочи дека последиците од случајот со Алта банка на свој грб најтешко ги чувствуваат пензионерите и граѓаните кои зависат од средствата во банката.

    „Како може десет илјади денари да бидат доволни? Тоа е потценување на целата состојба. Тоа е потценување на пензионерите пред сè. Огромна бројка на пензионери зависат од таа банка затоа што имаат пензии таму и притоа се форсира обврската да ги плаќаат обврските кон банката. Жалосно е да се гледаат тие сцени, пензионери како плачат, меѓутоа банкоматите не работат, шалтерите не работат и се случува тоа што се случува. Сето можеше да се избегне ако барем малку не послушаа. Меѓутоа, кога ќе влезете во друштво на Орбан и на Вучиќ, на крај вака и ќе завршите. И не е проблем што така завршува Мицкоски. Јас знаев како ќе заврши или како завршува. Проблем е што нашата држава сега е дел од криминална структура на криминални политичари кои што функционираат со криминални пари“, рече Жерновски.

    Прочитај повеќе

    Мицкоски на средба со Вуст: Македонија и Северна Рајна-Вестфалија ќе ја продлабочуваат економската соработка

    03.11.2026 во 16:17

    Димитријевиќ: Зошто Славески крие колку пари Вучиќ префрлил во Македонија преку Алта банка?

    03.11.2026 во 13:10
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.