Close Menu
Press24
    Најново

    Мицкоски на средба со Вуст: Македонија и Северна Рајна-Вестфалија ќе ја продлабочуваат економската соработка

    03.11.2026 во 16:17

    Над 94% од броилата редовно се читаат, се подготвува воведување на паметни броила

    03.11.2026 во 15:54

    Клековски: Регистриран е петтиот случај на морбили во Македонија

    03.11.2026 во 15:49
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Мицкоски на средба со Вуст: Македонија и Северна Рајна-Вестфалија ќе ја продлабочуваат економската соработка
    • Над 94% од броилата редовно се читаат, се подготвува воведување на паметни броила
    • Клековски: Регистриран е петтиот случај на морбили во Македонија
    • МФ: Владата го усвои Дополнетиот ребаланс на Буџетот за 2026 година
    • (ФОТО) Тошковски: По повеќе од 15 години базенот во Полициската академија во Идризово повторно е во функција
    • (ФОТО) Пуштена во употреба новата градинка „Ѕвездички“ во населбата Подстаница во Кисела Вода
    • Боки 13 ослободен од обвиненијата за „Меѓународен сојуз“
    • Прпарим Бајрами излегува од притвор со гаранција од над милион евра
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Мицкоски на средба со Вуст: Македонија и Северна Рајна-Вестфалија ќе ја продлабочуваат економската соработка

    Мицкоски на средба со Вуст: Македонија и Северна Рајна-Вестфалија ќе ја продлабочуваат економската соработка

    03.11.2026 во 16:172 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Продлабочување на економската соработка, привлекување нови инвестиции и унапредување на партнерството меѓу Македонија и германската сојузна покраина Северна Рајна-Вестфалија биле во фокусот на работната средба на премиерот Христијан Мицкоски со премиерот на оваа германска покраина, Хендрик Вуст.

    Како што објави Мицкоски на својот фејсбук-профил, на средбата со премиерот Вуст присуствувал и владиниот тим составен од вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски и министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска.

    За време на разговорот било истакнато значењето на германските инвеститори кои веќе остваруваат деловни активности во земјава.

    „Германските компании ‘Костал’, ‘Кромберг и Шуберт’, ВИК, ‘Гересхајмер’ и други реномирани инвеститори што веќе работат во земјата се пример за потенцијалот за привлекување нови инвестиции од Северна Рајна-Вестфалија“, посочува Мицкоски.

    На средбата било изразено задоволство од спроведувањето на заедничката декларација за намери за соработка во економијата, инвестициите, образованието, културата, здравството и европската интеграција.

    Како посебно значајна била издвоена подготвеноста на Вуст да ја посети Македонија, што според македонската делегација ќе отвори нови можности за унапредување на односите.

    Продолжуваме да градиме силни партнерства, да привлекуваме нови инвестиции и да ги отвораме вратите за економски развој и нови можности за нашата држава – наведува Мицкоски во објавата.

    Прочитај повеќе

    Димитријевиќ: Зошто Славески крие колку пари Вучиќ префрлил во Македонија преку Алта банка?

    03.11.2026 во 13:10

    Димитријевиќ: Славески да одговори како ѝ дал дозвола на „Алта банка“ ако не знаел чија е

    03.11.2026 во 12:59
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.