Close Menu
Press24
    Најново

    Делегации од Белград и Сараево во посета на Општина Центар по повод 50-годишниот јубилеј

    03.11.2026 во 13:24

    Отворен стечај за АЛТА банка во Белград откако ѝ беше одземена лиценцата

    03.11.2026 во 13:13

    Димитријевиќ: Зошто Славески крие колку пари Вучиќ префрлил во Македонија преку Алта банка?

    03.11.2026 во 13:10
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Делегации од Белград и Сараево во посета на Општина Центар по повод 50-годишниот јубилеј
    • Отворен стечај за АЛТА банка во Белград откако ѝ беше одземена лиценцата
    • Димитријевиќ: Зошто Славески крие колку пари Вучиќ префрлил во Македонија преку Алта банка?
    • Димитријевиќ: Славески да одговори како ѝ дал дозвола на „Алта банка“ ако не знаел чија е
    • Петрушевски: Филипче и СДС вршат притисок врз НБРМ и Алта банка за да ја купат за ниска цена
    • Утре 6 часа ќе нема струја – Проверете дали сте на списокот за исклучувања
    • Кичевчанец носел нелегален пиштол, а дома чувал кокаин – заработи кривична
    • ВЛЕН: Време е да се разоткријат врските на семејството Ахмети со Алта банка
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Делегации од Белград и Сараево во посета на Општина Центар по повод 50-годишниот јубилеј

    Делегации од Белград и Сараево во посета на Општина Центар по повод 50-годишниот јубилеј

    03.11.2026 во 13:241 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    По повод 50-годишниот јубилеј на Општина Центар, градоначалникот Горан Герасимовски ги прими делегациите од Србија и Босна и Херцеговина, предводени од градоначалникот на општина Стари Град Белград, Радослав Марјановиќ, и градоначалникот на општина Центар Сараево, Срѓан Мандиќ.

    Посетата беше можност трите централни општини на главните градови од регионот да разговараат за пријателството, партнерството и конкретната соработка во областа на културата, спортот, младинската размена и урбанизмот.

    Градоначалникот Герасимовски истакна дека оваа посетата е фокусирана пред се на размена на искуства и зајакнување на соработката.

    „Разговаравме за повеќе теми и за сличните проблеми со кои се соочуваат нашите општини, со цел да нашите општини да се приближат на европските стандарди, во сите области, од комуналните решенија па се до социјалата, образованието и секојдневните услуги за граѓаните. Акцент ставивме на младинската, културната и спортската соработка, но разговаравме и за паметни градови и современи урбани концепти“, истакна градоначалникот Горан Герасимовски.

    Општина Центар со години наназад соработува со општините од регионот, со цел да се отвори простор за нови заеднички проекти кои би биле од полза на граѓаните, како и збогатување на културниот и спортски живот.

    Прочитај повеќе

    Утре 6 часа ќе нема струја – Проверете дали сте на списокот за исклучувања

    03.11.2026 во 12:37

    Ќе снема вода во 9 часот – Најавени исклучувања во Скопје

    03.11.2026 во 08:16
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.