Close Menu
Press24
    Најново

    Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип се огласи: Овозможуваме целосна и неограничена соработка со МВР

    03.11.2026 во 11:53

    Јанев на отворањето на обуката за финансиски истраги: Ударот врз криминалот е во одземањето на неговата финансиска моќ

    03.11.2026 во 11:46

    Невреме со обилни врнежи ја зафаќа Македонија – УХМР со метео предупредување

    03.11.2026 во 11:32
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип се огласи: Овозможуваме целосна и неограничена соработка со МВР
    • Јанев на отворањето на обуката за финансиски истраги: Ударот врз криминалот е во одземањето на неговата финансиска моќ
    • Невреме со обилни врнежи ја зафаќа Македонија – УХМР со метео предупредување
    • Дојава за бомба на лет од Лондон до Варшава: Авион со 181 патник итно пренасочен, аеродромот затворен
    • Славески со информации за пензионерите кои земаат пензија во Алта Банка
    • Војниците и вработените во одбраната со повисоки плати од Нова година – Мисајловски најави историско покачување
    • Жените во Хрватска ќе се соочат со построги услови за пензионирање од 1 јануари: Еве колку години ќе треба да имаат за да се пензионираат
    • Трагедија на маратон: 24-годишна девојка почина на 3 км пред целта
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип се огласи: Овозможуваме целосна и неограничена соработка со МВР

    Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип се огласи: Овозможуваме целосна и неограничена соработка со МВР

    03.11.2026 во 11:532 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип се огласи со соопштение до јавноста по денешните полициски дејствија и истрагата поврзана со сомнежите за злоупотреба на електронскиот систем за оценки од страна на вработено лице на факултетот.

    Од Универзитетот информираат дека овозможуваат целосна и неограничена соработка со Министерството за внатрешни работи и надлежното обвинителство со цел брзо и целосно расчистување на случајот.

    „Сакаме да ја увериме академската заедница, пред сè нашите студенти, наставниот и административниот кадар, како и пошироката јавност, дека УГД останува посветен на темелните академски вредности, на чесност и вистинитост, и останува проактивен во насока на сузбивање на девијантните појави.

    Нашите студенти и нивното образование остануваат во центарот на сите наши активности. Наставниот процес, академските обврски, научноистражувачката работа и меѓународната соработка со низа реномирани европски универзитети продолжуваат да бидат наш приоритет.

    Како јавна високообразовна институција ја уверуваме јавноста дека остануваме посветени на транспарентноста, отвореноста и институционалниот интегритет.

    УГД нема да дозволи каков било сомнеж да ги наруши трудот и вредноста на дипломите на илјадниците чесни студенти и вработени.

    УГД има нулта толеранција за каков било облик на корупција или злоупотреба на службената положба. Институционалниот интегритет и довербата на нашите студенти се пред сè“, стои во соопштението од Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип .

    Прочитај повеќе

    Јанев на отворањето на обуката за финансиски истраги: Ударот врз криминалот е во одземањето на неговата финансиска моќ

    03.11.2026 во 11:46

    Невреме со обилни врнежи ја зафаќа Македонија – УХМР со метео предупредување

    03.11.2026 во 11:32
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.