Close Menu
Press24
    Најново

    Јанев на отворањето на обуката за финансиски истраги: Ударот врз криминалот е во одземањето на неговата финансиска моќ

    03.11.2026 во 11:46

    Невреме со обилни врнежи ја зафаќа Македонија – УХМР со метео предупредување

    03.11.2026 во 11:32

    Дојава за бомба на лет од Лондон до Варшава: Авион со 181 патник итно пренасочен, аеродромот затворен

    03.11.2026 во 11:21
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Јанев на отворањето на обуката за финансиски истраги: Ударот врз криминалот е во одземањето на неговата финансиска моќ
    • Невреме со обилни врнежи ја зафаќа Македонија – УХМР со метео предупредување
    • Дојава за бомба на лет од Лондон до Варшава: Авион со 181 патник итно пренасочен, аеродромот затворен
    • Славески со информации за пензионерите кои земаат пензија во Алта Банка
    • Војниците и вработените во одбраната со повисоки плати од Нова година – Мисајловски најави историско покачување
    • Жените во Хрватска ќе се соочат со построги услови за пензионирање од 1 јануари: Еве колку години ќе треба да имаат за да се пензионираат
    • Трагедија на маратон: 24-годишна девојка почина на 3 км пред целта
    • Рекордна реализација на капитални расходи во Општина Ѓорче Петров: Над 193 милиони денари за десет месеци
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Јанев на отворањето на обуката за финансиски истраги: Ударот врз криминалот е во одземањето на неговата финансиска моќ

    Јанев на отворањето на обуката за финансиски истраги: Ударот врз криминалот е во одземањето на неговата финансиска моќ

    03.11.2026 во 11:461 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, денеска (03.11.2026) во Скопје се обрати на отворањето на специјализираната обука „Транснационални финансиски истраги“, организирана со поддршка на ИЦИТАП при Министерството за правда на САД.

    На обуката учествуваат претставници на надлежните институции и агенции за спроведување на законот, вклучително и Јавното обвинителство, со цел унапредување на знаењата, координацијата и меѓуинституционалната соработка во финансиските истраги.

    Во своето обраќање, Јанев ја истакна важноста на финансиските истраги и одземањето на незаконски стекнатиот имот како клучни приоритети во борбата против организираниот криминал, нагласувајќи дека вистинскиот удар врз криминалните структури е одземањето на нивната финансиска моќ и прекинувањето на незаконските текови на пари.

    Обуката, предводена од американски експерти, е насочена кон унапредување на капацитетите за откривање на перење пари, следење на прекуграничните финансиски текови, утврдување на потеклото на имотот и идентификување на вистинските сопственици, со крајна цел негово одземање.

    Јанев ја нагласи и важноста на меѓународната соработка, размената на информации и заедничкото институционално дејствување, упатувајќи благодарност до Амбасадата на САД и ИЦИТАП за континуираната поддршка и партнерство.

    Прочитај повеќе

    Невреме со обилни врнежи ја зафаќа Македонија – УХМР со метео предупредување

    03.11.2026 во 11:32

    Славески со информации за пензионерите кои земаат пензија во Алта Банка

    03.11.2026 во 11:20
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.