Авион кој сообраќал на линијата од Лондон до Варшава беше итно пренасочен кон аеродромот Варшава-Модлин поради дојава за поставена експлозивна направа, додека воздушниот сообраќај на оваа локација е привремено суспендиран.
Летот што првично требаше да слета на аеродромот „Шопен“ во Варшава, изврши вонредно слетување во Модлин во 10:01 часот, со 181 лице во него, потврди портпаролот на аеродромот Адам Шабловски, пренесува TVN24.
Според официјалното соопштение, тревогата била прогласена во 9:54 часот поради пријавената закана за бомба на летот од лондонскиот „Хитроу“. Во моментот на слетувањето, леталското средство располагало со 3,7 тони гориво.
– По слетувањето, авионот бил упатен кон одредена локација, каде што ќе остане до понатамошни одлуки и наредби од надлежните служби, вклучувајќи ги и пиротехничките тимови – се наведува во соопштението.
Аеродромот останува затворен до понатамошно известување додека надлежните служби вршат безбедносни проверки.
– Безбедноста на патниците, екипажот и вработените на аеродромот во моментов е приоритет – истакнуваат од таму, додавајќи дека дополнителни информации за нормализирање на сообраќајот ќе бидат соопштени накнадно.

