Close Menu
Press24
    Најново

    Националниот дата-центар треба да почне да се гради во 2027 година – Владата бара инвеститори

    03.11.2026 во 10:45

    Регионот се соочува со уште еден студен бран – доаѓаат дожд и снег

    03.11.2026 во 10:40

    Една од најцрните страници во македонската историја: Повторно рочиште за пожарот во Кочани

    03.11.2026 во 10:37
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Националниот дата-центар треба да почне да се гради во 2027 година – Владата бара инвеститори
    • Регионот се соочува со уште еден студен бран – доаѓаат дожд и снег
    • Една од најцрните страници во македонската историја: Повторно рочиште за пожарот во Кочани
    • Митева: ВРЕДИ ја пропушти можноста да покаже дека се разликува од ДУИ
    • Од 0 до 14 степени: Големи температурни разлики во Македонија – УХМР со детали
    • Пожар во зграда, 15 жители итно евакуирани: Драма во Чачак
    • Македонија забрзано се дигитализира: Октомври со рекорден број трансакции
    • Ќе се бара нов газда за Алта Банка
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Националниот дата-центар треба да почне да се гради во 2027 година – Владата бара инвеститори

    Националниот дата-центар треба да почне да се гради во 2027 година – Владата бара инвеститори

    03.11.2026 во 10:451 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Изградбата на националниот дата-центар би можела да започне во 2027 година, откако ќе бидат завршени подготовките и ќе се обезбедат потребните финансиски средства. Физибилити-студијата за проектот веќе е изработена, а Владата во моментов бара партнери заинтересирани за негово финансирање и реализација.

    Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски информира дека паралелно се работи на урбанизација на локацијата и подготовка на проектната документација. Очекува овие активности да бидат завршени до пролет, по што би се создале услови за следната фаза од проектот.

    Андоновски откри дека интерес за инвестирање во дата-инфраструктура покажуваат и компании од приватниот сектор. Во текот на неделава се планирани разговори со две до три компании кои разгледуваат можности за вложување во изградба на нови дата-центри, но и проширување на веќе постојните капацитети.

    Министерот се надева дека преку соработка со домашни и странски инвеститори ќе успеат да обезбедат инвестиции во оваа област.

    Андоновски се осврна и на минатонеделниот прекин на услугите на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување. Тој појасни дека не биле компромитирани внатрешните системи на Фондот, туку проблемот се однесувал на веб-апликацијата, поради што граѓаните привремено имале отежнат пристап до електронските услуги.

    Изјавите министерот ги даде на отворањето на деветтата Регионална конференција за е-трговија во Скопје.

    Just In Picks Top News Влада
    Прочитај повеќе

    Една од најцрните страници во македонската историја: Повторно рочиште за пожарот во Кочани

    03.11.2026 во 10:37

    Од 0 до 14 степени: Големи температурни разлики во Македонија – УХМР со детали

    03.11.2026 во 10:24
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.