Close Menu
Press24
    Најново

    50 литри дожд – УХМР информираше каде наврнало најмногу

    03.11.2026 во 08:48

    Пожар во скопски Карпош

    03.11.2026 во 08:41

    СДСМ: Кој ги штити парите во Алта банка, а кој ги штити граѓаните?

    03.11.2026 во 08:35
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • 50 литри дожд – УХМР информираше каде наврнало најмногу
    • Пожар во скопски Карпош
    • СДСМ: Кој ги штити парите во Алта банка, а кој ги штити граѓаните?
    • Се празнува Свети Иларион Велики, симбол на скромноста и верата: Што велат народните верувања и каква зима нè очекува
    • Над 900 учесници од 12 земји на регионалната конференција за е-трговија во Скопје
    • Ќе снема вода во 9 часот – Најавени исклучувања во Скопје
    • Повеќе од 12 степени температурна разлика од град до град: УХМР со детали за состојбата утринава во Македонија
    • Драчево добива нова градинка – Денеска свечено се отвора „Ѕвездички“
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » 50 литри дожд – УХМР информираше каде наврнало најмногу

    50 литри дожд – УХМР информираше каде наврнало најмногу

    03.11.2026 во 08:482 Mins Read
    ФОТО: Press24
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Демир Капија е местото каде што во изминатите 24 часа паднало најголемо количество дожд, додека Попова Шапка утрово е најстудената локација во земјава. Ова го покажуваат најновите мерења на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

    Според податоците измерени до 7 часот утрово, во Демир Капија наврнале 50 литри дожд на квадратен метар. Високи количества врнежи се регистрирани и во Гевгелија со 45 литри, Попова Шапка со 43, Крушево со 38 и Струмица со 34 литри на квадратен метар.

    Во Кавадарци се измерени 27 литри, во Берово 24, а во Скопје-Петровец и Битола по 20 литри дожд на квадратен метар. Најмалку врнежи од наведените места се регистрирани во Крива Паланка и Куманово, по 8 литри.

    Утринските температури, пак, се движеле од 1 степен на Попова Шапка, каде што било најстудено, до 13 степени во Гевгелија. Во Маврови Анови и Лазарополе биле измерени 4 степени, во Крушево 5, а во Крива Паланка и Берово 6 степени.

    Во Скопје-Зајчев Рид утрово биле измерени 8 степени, додека во Скопје-Петровец 9 степени.

    Врнежливото време ќе продолжи и во текот на денешниот ден, но според прогнозата на синоптичарите, дождот треба да престане кон крајот на денот. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, кој повремено ќе засилува долж Повардарието.

    Дневната температура ќе се движи од 10 до 14 степени.

    Во Скопје се очекува облачно време со повремени врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, а максималната температура ќе достигне 12 степени.

    Just In Picks Top News
    Прочитај повеќе

    Пожар во скопски Карпош

    03.11.2026 во 08:41

    СДСМ: Кој ги штити парите во Алта банка, а кој ги штити граѓаните?

    03.11.2026 во 08:35
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.