Дел од жителите на улицата „Коце Металец“ денеска ќе останат без вода поради планирана интервенција на водоводната мрежа.
Од ЈП „Водовод и канализација“ информираат дека на улицата „Коце Металец“ бр. 6 ќе се врши замена на вентил Ф-1.
Прекинот во водоснабдувањето ќе започне во 09:00 часот и ќе трае до завршување на работните активности.
Без вода ќе бидат корисниците од делот на улицата каде што се изведува интервенцијата.

