Close Menu
Press24
    Најново

    Ѓорѓиевски: Ветивме и исполнуваме, пристигна првата пратка бесплатни униформи за сите ученици од прва година

    02.11.2026 во 15:11

    Кривична пријава за скопјанец – во неговиот дом пронајдени оружје, муниција, бомба и марихуана

    02.11.2026 во 14:56

    Регистрирани четири случаи на мали сипаници во земјава, Клековски апелира на вакцинација

    02.11.2026 во 14:47
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Ѓорѓиевски: Ветивме и исполнуваме, пристигна првата пратка бесплатни униформи за сите ученици од прва година
    • Кривична пријава за скопјанец – во неговиот дом пронајдени оружје, муниција, бомба и марихуана
    • Регистрирани четири случаи на мали сипаници во земјава, Клековски апелира на вакцинација
    • Регулаторна одлучи: Од полноќ поскапуваат и бензините и дизелот
    • Креирал лажен профил со фотографија од поранешната девојка: 34-годишник од Кочани заработи кривична
    • Две години ја следел, вознемирувал и психички малтретирал – млада кочанчанка преживувала ужас
    • Петрушевски: Филипче и СДС вака гласни не беа кога пропадна Еуростандард банка
    • Паднаа полицајци осомничени за кражба на накит и полово вознемирување во Прифатниот центар за странци
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Ѓорѓиевски: Ветивме и исполнуваме, пристигна првата пратка бесплатни униформи за сите ученици од прва година

    Ѓорѓиевски: Ветивме и исполнуваме, пристигна првата пратка бесплатни униформи за сите ученици од прва година

    02.11.2026 во 15:112 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска во средното училиште „Раде Јовчевски – Корчагин“ ги промовираше бесплатните униформи за сите ученици од прва година.

    – Ветивме и исполнуваме. Пристигна првата пратка бесплатни униформи, кои се изработени од 100% памук. Ова е почеток на реализацијата на мерката со која униформи ќе добијат сите ученици од прва година во средните училишта на Град Скопје. За мене, секое дете заслужува со крената глава да влезе во училницата. Да се чувствува прифатено, почитувано и еднакво.  Ниту еден ученик не смее да чувствува помала вредност поради финансиските можности на своето семејство. Во училишните клупи треба да се истакнуваат знаењето, трудот и талентот. Таму се градат пријателства, се откриваат способности и се раѓаат големи соништа.  Наша обврска е да создадеме услови тие соништа да растат. Токму затоа, со бесплатните униформи го олеснуваме товарот врз семејниот буџет и придонесуваме за намалување на видливите социјални разлики меѓу учениците. Правиме конкретен чекор кон училишна средина во која нема место за потсмевање, дискриминација и булинг поради облеката што некој ја носи – изјави Ѓорѓиевски.

    Градоначалникот Ѓорѓиевски истакна дека оваа мерка е дел од многубројните градски активности во интерес на младите.

    – Опремивме кабинети по информатика, обезбедивме дидактички материјали и помагала, интерактивна технологија, смарт табли, нови клупи и столчиња. Вложуваме во спортски терени и фитнес зони, во современи услови за учење и здрав развој. Продолжувам со истата решителност, затоа што зад секоја мерка стојат ученици со свои надежи и семејства што очекуваат поддршка. Нивната доверба е обврска што се исполнува со дела. Влогот во младите е влог во иднината. А иднината на Скопје ја градиме денес, со секое исполнето ветување – рече Ѓорѓиевски.

    Прочитај повеќе

    Утре ќе нема струја до 15 часот – проверете дали сте на листата за исклучувања

    02.11.2026 во 12:07

    Ќе нема вода – најавени исклучувања во повеќе скопски населби

    02.11.2026 во 11:53
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.