34-годишен кочанчанец ќе одговара кривично затоа што креирал профил и ставил профилна фотографија од неговата поранешна девојка.
Како што се наведува во полицискиот билтен, Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднела кривична пријава против О.П.(34) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на лични податоци“.
Пријавениот креирал профил и на местото за профилна фотографија ставил слика од неговата поранешна партнерка.

