Close Menu
Press24
    Најново

    Судењето за „Онкологија 2“ почна од почеток: Обвинетите Васев и Нухи повторно негираат вина

    02.11.2026 во 13:11

    Филипче до Тошковски и Мицкоски: Дали Давор Мацура престојувал во Македонија во изминатите денови

    02.11.2026 во 13:01

    Филипче: Мицкоски и Славески да одговорат како дозволиле влез во земјата на Алта банка

    02.11.2026 во 12:56
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Судењето за „Онкологија 2“ почна од почеток: Обвинетите Васев и Нухи повторно негираат вина
    • Филипче до Тошковски и Мицкоски: Дали Давор Мацура престојувал во Македонија во изминатите денови
    • Филипче: Мицкоски и Славески да одговорат како дозволиле влез во земјата на Алта банка
    • Филипче: Една година предупредувавме за ризиците од влезот на Алта банка во Македонија
    • Охриѓанка пријавена за одземање на дете – не ја вратила малолетната ќерка на сопругот
    • Утре ќе нема струја до 15 часот – проверете дали сте на листата за исклучувања
    • Ќе нема вода – најавени исклучувања во повеќе скопски населби
    • По 15 години Македонија повторно под лупа на ОН: Ќе ја оценуваат борбата против тероризмот
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Судењето за „Онкологија 2“ почна од почеток: Обвинетите Васев и Нухи повторно негираат вина

    Судењето за „Онкологија 2“ почна од почеток: Обвинетите Васев и Нухи повторно негираат вина

    02.11.2026 во 13:113 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Судењето за случајот „Онкологија 2“, кое се води против поранешниот медицински директор Нино Васев и поранешниот организациски директор Нехад Нухи во Основниот кривичен суд Скопје, денеска почна од почеток поради измена на еден од судиите членови во судечкиот совет.

    Со процесот и понатаму раководи судијката Славица Наумова-Јосифовска. Ова е вторпат постапката да се враќа на самиот почеток, откако во ноември 2025 година судењето исто така рестартираше поради промена на поротник, кога странките се согласија претходно изведените докази и искази само да се прочитаат.

    Застапничката на обвинението, Марија Ѓоргева од ОЈО ГОКК, на почетокот од денешното рочиште посочи дека останува во целост на веќе изнесените воведни зборови.

    Двајцата обвинети Васев и Нухи пред судот повторно изјавија дека не се чувствуваат виновни за делата кои им се ставаат на товар.

    Не. Не се чувствувам виновен за делата што ми се ставаат на товар – изјави првообвинетиот Васев пред судот.

    Второобвинетиот Нухи посочи дека не го разбира обвинителниот акт онака како што е составен.

    Не во јазична форма. Не ми е јасен обвинителниот акт и не знам зошто сум обвинет бидејќи овој обвинителен акт нема врска со моето работење на Клиниката – изјави Нухи.

    Одбраната на Нино Васев во својот воведен говор потенцираше дека обвинението се заснова врз претпоставки и побара ослободителна пресуда.

    Одбраната ќе докаже дека основано сомнение за делото што му се става на товар на Васев не може да постои поради системски пречки и тоа се легитимни административни дејства и делата што му се ставаат на товар не можел да ги стори. Нема докази на директна умисла или стекната имотноправна корист – изјави адвокатот Боби Спирковски.

    Според Спирковски, обвинителството се обидува да прикаже несовесно работење во период кога Васев менаџирал во услови на недостаток на лекови и системска нефункционалност на Клиниката.

    На денешното рочиште судот соопшти и дека од страна на Обвинителството била доставена листа на дополнителни докази, кои вклучуваат материјално-финансиска документација и барања упатени до Клиниката, Министерството за здравство, Фондот за здравствено осигурување и повеќе добавувачи.

    На ваквиот потег реагираше бранителката на Нехад Нухи, адвокатката Анета Бегова.

    Не знам зошто сега не чини, ако се знае дека овие луѓе беа во притвор 13 месеци врз основа на тој доказен материјал. Зошто сега овој доказен материјал не чини и се поднесува нов. За мене 13 месеци притвор не е мерка, туку казна – изјави Бегова.

    Обвинението против Васев и Нухи за злоупотреби, измама и проневера во службата во периодот од 2018 до 2022 година беше одобрено од Кривичниот суд во јуни 2025 година. Тие се товарaт дека со незаконски набавки на лекови, нивно прикривање преку фиктивни тендери и присвојување дел од терапијата, го оштетиле буџетот за речиси 36 милиони евра.

    Покрај овој предмет, против Васев и уште двајца лекари онколози се води и постапката „Онкологија 1“ за несовесно лекување пациенти.

    Прочитај повеќе

    Филипче до Тошковски и Мицкоски: Дали Давор Мацура престојувал во Македонија во изминатите денови

    02.11.2026 во 13:01

    Филипче: Мицкоски и Славески да одговорат како дозволиле влез во земјата на Алта банка

    02.11.2026 во 12:56
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.