Close Menu
Press24
    Најново

    Филипче до Тошковски и Мицкоски: Дали Давор Мацура престојувал во Македонија во изминатите денови

    02.11.2026 во 13:01

    Филипче: Мицкоски и Славески да одговорат како дозволиле влез во земјата на Алта банка

    02.11.2026 во 12:56

    Филипче: Една година предупредувавме за ризиците од влезот на Алта банка во Македонија

    02.11.2026 во 12:42
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Филипче до Тошковски и Мицкоски: Дали Давор Мацура престојувал во Македонија во изминатите денови
    • Филипче: Мицкоски и Славески да одговорат како дозволиле влез во земјата на Алта банка
    • Филипче: Една година предупредувавме за ризиците од влезот на Алта банка во Македонија
    • Охриѓанка пријавена за одземање на дете – не ја вратила малолетната ќерка на сопругот
    • Утре ќе нема струја до 15 часот – проверете дали сте на листата за исклучувања
    • Ќе нема вода – најавени исклучувања во повеќе скопски населби
    • По 15 години Македонија повторно под лупа на ОН: Ќе ја оценуваат борбата против тероризмот
    • Приведен Давор Мацура: Полицијата ги претресуваше просториите на АЛТА банка повеќе од 30 часа
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Филипче до Тошковски и Мицкоски: Дали Давор Мацура престојувал во Македонија во изминатите денови

    Филипче до Тошковски и Мицкоски: Дали Давор Мацура престојувал во Македонија во изминатите денови

    02.11.2026 во 13:012 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Влезот на Алта банка во земјава е криминален процес и мора да има одговорност, нагласи претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција во македонското Собрание.

    Филипче порача дека премиерот Мицкоски и гувернерот Славески мора да одговорат како било дозволено преземањето на Стопанска банка Битола од Алта банка, дали биле проверени парите и дали се испочитувани сите процедури.

    „Гувернерот треба да одговори на многу прашања, исто така и премиерот Христијан Мицкоски. Како дозволиле влез во земјата на Алта банка? Дали се испочитувани сите процедури? Дали е направена контрола на средствата и нивното потекло којшто влегле при купување на Алта банка? Дали имале предвид тоа дека Алта банка била одбиена, а ние на тоа исто така укажавме од влез во на пазарот на Европската Унија, имено Алта банка сакаше да купи една банка во земја членка на Европска унија и Европската централна банка го дигна алармот“, рече Филипче.

    Воедно Филипче повика и на конкретни одговори за потеклото на парите со кои е купена Стопанска банка Битола, дали имало трансакции по завршувањето на изборите во Србија и дали Давор Мацура престојувал во Македонија во изминатите денови.

    „Нека одговорат премиерот и гувернерот дали се проверени потеклото на парите пред да влезе капиталот на Алта банка тука во Стопанска банка Битола. Има ли потврда за потеклото на парите? Следно прашање, имало ли трансакции после завршувањето на изборите во Србија? Понатаму, нека одговори премиерот и министерот за внатрешни работи дали Давор Мацура престојувал во земјава изминатите денови“, рече Филипче.

    Претседарелот на СДСМ најави дека пратеничката група на СДСМ и коаицијата ќе покрене иницијатива за надзорна расправа во Собранието за да се утврди како дошло до ваквата ситуација, како и интерпелација за гувернерот Трајко Славески.

    „Ние од наша страна денеска ќе покренеме иницијатива како партиска група во Собранието за одржување на надзорна расправа за овој проблем. Да видиме како се дојде до оваа ситуација. Ќе поднесеме интерпелација за гувернерот Трајко Славески, кој што ги остави семејствата, пензионерите, младите без своите средства“, рече Филипче.

    Прочитај повеќе

    Филипче: Мицкоски и Славески да одговорат како дозволиле влез во земјата на Алта банка

    02.11.2026 во 12:56

    Филипче: Една година предупредувавме за ризиците од влезот на Алта банка во Македонија

    02.11.2026 во 12:42
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.