Осумдесетгодишна жена од Скопје пријавила дека била физички нападната и изложена на закани од нејзината снаа во семејниот дом во општина Аеродром.
Според пријавата во полицијата, инцидентот се случил на 31 октомври околу 11 часот. Жената навела дека снаата М.М. се однесувала агресивно, ѝ упатувала закани и физички ја нападнала.
Таа пријавила и дека и претходно била изложена на психичко и физичко малтретирање од страна на снаата.
Од полицијата преземаат мерки за расчистување на случајот.

