Close Menu
Press24
    Најново

    Големи температурни разлики низ Македонија – УХМР ги измери утринските температури и најави пресврт

    02.11.2026 во 08:19

    Експерти од Македонија и Словенија на иста маса – Нови можности за лекување на Паркинсон и Алцхајмер

    02.11.2026 во 08:13

    Ќе остане запаметен меѓу студентите и колегите – Комеморација за Зоран Велковски кој го посвети животот на науката

    02.11.2026 во 08:11
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Големи температурни разлики низ Македонија – УХМР ги измери утринските температури и најави пресврт
    • Експерти од Македонија и Словенија на иста маса – Нови можности за лекување на Паркинсон и Алцхајмер
    • Ќе остане запаметен меѓу студентите и колегите – Комеморација за Зоран Велковски кој го посвети животот на науката
    • Собранието расправа за семејната поддршка, депозитите и државното земјиште
    • Како до подобро лидерство во јавните институции – Изет Зеќири со предавање во МАНУ
    • Ќе нема струја со часови – Овој понеделник исклучувања низ Скопје
    • УХМР најавува промена на времето – Временска прогноза за неделава
    • Алта Банка од утре ги затвора експозитурите за клиенти
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Ќе остане запаметен меѓу студентите и колегите – Комеморација за Зоран Велковски кој го посвети животот на науката

    Ќе остане запаметен меѓу студентите и колегите – Комеморација за Зоран Велковски кој го посвети животот на науката

    02.11.2026 во 08:11Updated:02.11.2026 во 08:192 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    На Филозофскиот факултет во Скопје денеска ќе се одржи комеморативна седница во чест на проф. д-р Зоран Велковски, истакнат професор и научник кој остави значаен белег во македонското образование и академската заедница.

    Велковски ќе остане запаметен по својот исклучителен придонес во науката, образованието и негувањето на човечките вредности, како и по посветеноста на развојот на андрагогијата, образованието на возрасните и доживотното учење.

    Роден е на 1 март 1959 година во Скопје. Дипломирал во 1985 година на Институтот за педагогија при Филозофскиот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, каде што во 1986 година ја започнал и својата академска кариера како помлад асистент.

    Магистерските студии ги завршил во 1993 година, со труд посветен на причините и мотивите за образовната партиципација и неангажираноста на возрасните, а докторирал во 1998 година на тема „Андрагошките аспекти на невработеноста во Република Македонија“. На оваа проблематика ѝ ја посветил и монографијата „Lacrimae Mundi или Солзите на светот“.

    Во текот на својата кариера бил директор на Педагошкиот завод на Република Македонија, раководител на Институтот за педагогија при Филозофскиот факултет и раководител на студиската програма за втор циклус студии по менаџмент во образованието.

    Од 2004 до 2008 година ја извршувал функцијата проректор за настава на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, во период кога се спроведувале значајни реформи во високото образование, вклучително и имплементацијата на Болоњскиот процес и Европскиот кредит-трансфер систем.

    Неговиот професионален и научен ангажман, како и придонесот во развојот на образовниот систем, оставија трајна трага во македонската академска средина.

    Just In Picks Top News
    Прочитај повеќе

    Големи температурни разлики низ Македонија – УХМР ги измери утринските температури и најави пресврт

    02.11.2026 во 08:19

    Експерти од Македонија и Словенија на иста маса – Нови можности за лекување на Паркинсон и Алцхајмер

    02.11.2026 во 08:13
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.