Академик Изет Зеќири денеска ќе одржи пристапно предавање во Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ), на тема „Менаџмент и лидерство во јавните институции во Северна Македонија – проблеми и решенија“.
Предавањето ќе биде посветено на предизвиците во управувањето и лидерството во јавниот сектор, како и на можните решенија за нивно надминување.
Според најавата од МАНУ, пригодна реч по повод настанот ќе одржи академик Таки Фити.

